На последниот ден од конференцијата „Enhancing Cohesion Policy’s Impact for Jobs, Skills, and Competitiveness“, организирана од Светската банка и Европската комисија во Берлин, директорот на ФИТР Никола Додов имаше можност да го презентира македонскиот модел за зголемување на довербата и транспарентноста во распределбата на јавни средства за иновации.
Во своето обраќање, Додов постави неколку клучни прашања:
👉 Како можеме да ја подобриме довербата и транспарентноста во процесот на селекција на корисници?
👉 Како поефикасно да ги насочиме ресурсите кон оние со најголем потенцијал за раст?
👉 Може ли иновациски фонд истовремено да изгради доверба и да донесува попаметни инвестициски одлуки?
🇲🇰 Фондот за иновации и технолошки развој во Македонија годишно обработува над 1.500 апликации преку три главни инструменти за поддршка. Во просек, се поддржуваат околу 400 компании годишно.
Во таа насока, ФИТР спроведе пилот-програма заснована на рандомизирано контролирано истражување (RCT) – метод ретко користен во јавни институции. Целта беше да се тестираат два различни модели на селекција:
- традиционален модел, и
- комбиниран модел со вклучување на венчр капитал инвеститори, подготвени да ко-инвестираат најмалку 100.000 евра.
📊 Овој пристап овозможи не само мерење на ефектите од програмите, туку и интелигентно насочување на јавни и приватни ресурси кон компании со најголем потенцијал за раст.
Паралелно со презентацијата, тимот на ФИТР активно учествуваше во работни сесии фокусирани на:
✔ користење на податоци како основа за креирање јавни политики,
✔ иновативни инструменти за поддршка на стартапи, раст и вработување,
✔ искористување на јавните податоци како јавна вредност.
📈 Иако актуелната законска рамка сè уште е рестриктивна, идната трансформација на ФИТР претставува вистинска можност за вградување на иновативни, базирани на податоци практики во јавниот систем за поддршка на иновации.
✅ Оваа иницијатива е дел од поширока визија за изградба на нова култура на доверба, анализа и инвестициски одлуки поткрепени со реални пазарни сигнали – култура што ќе обезбеди поефикасна, транспарентна и резултатска јавна поддршка за иновации во Македонија.
Погледнете го видеото