Под мотото „Заеднички влијаеме“, на 28ми мај, 2021 година, ќе се одржи првиот национален Стартап Самит.
Над 20 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на Владата на Република Северна Македонија, ќе ги дефинираат чекорите кои државата треба да ги преземе за нашата држава да се позиционира како регионален стартап хаб.
Самитот се организира со цел градење посилна стартап заедница, зајакнување на претприемачкиот дух во македонското општество и создавање на глобално успешни стартапи.
Настанот ќе содржи 4 панел дискусии: Македонски стартап еко систем: Каде сме и каде сакаме да бидеме? 2016-2026; Иновации – Успешни приказни на македонските иновативни компании/стартапи; Пристап до финансии и Импакт бизниси водени во РСМ – Предности и предизвици.
Специјален гостин говорник ќе биде Себастијан Диаз Меса, поранешен директор на Стартап Чиле, кој ќе зборува на темата „Успешна приказна и зошто С.Македонија има потенцијал да стане регионален стартап хаб?“.
На настанот ќе се обратат претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Коста Петров.
Првиот национален Стартап Самит ќе биде хибриден настан и ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук страната на Стартап Македонија.
Организатори на Самитот се: Стартап Македонија и Бизнис Импакт Лаб, поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма (Swiss EP) која во последните неколку години активно работи на развој на македонскиот стартап екосистем и зајакнување на капацитетот на заедницата преку поддршка во справување со предизвиците со кои се соочува заедницата.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |