Во рамки на студиската посета на Шпанија, претставник од Фондот за иновации и технолошки развој ја посети Барселона, каде што беа реализирани значајни средби со претставници на две водечки институции во Каталонија: Барселона Актива и ACCIÓ – Агенцијата за бизнис конкурентност.
Овие институции претставуваат силен пример за тоа како јавниот сектор може системски да ги поддржи иновациите, бизнис развојот и интернационализацијата на компаниите – теми што се во сржта на мандатот и стратешката мисија на ФИТР.
🔹 Барселона Актива, институција под капата на Градот Барселона, управува со бројни програми насочени кон поддршка на стартапи, развој на претприемништво, управување со бизнис инкубатори, обуки и иницијативи за дигитална трансформација.
🔹 ACCIÓ, пак, нуди глобална поддршка за конкурентност на компаниите преку активности во областа на технолошки трансфер, пристап до финансирање, скалирање и привлекување странски инвестиции. Организацијата поседува и мрежа од над 40 канцеларии низ светот.
📈 Оваа работна посета овозможи директен увид во успешни практики и институционални механизми кои може да се прилагодат и применат во македонскиот контекст. За ФИТР, тоа значи:
- понатамошна фокусираност на креирање функционални и прилагодливи програми,
- поддршка за иноватори и стартапи со меѓународни амбиции,
- зајакнување на капацитетите за трансфер на технологии и интернационализација на македонските компании.
✅ Ваквите искуства и размена на добри практики се важен чекор во исполнувањето на мисијата за иновативна, отворена и европска Македонија, која гради одржлив иновациски систем поврзан со европските економски и технолошки текови.