Вкупно 11 проектни апликации беа доставени на јавниот повик „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој.
Од пријавените, осум предлог проекти се поднесени од високообразовни установи. Девет од предложените лаборатории за производство се во Скопје, додека другите две е планирано да бидат лоцирани во други градови.
„Реализацијата на овој Предизвик е од големо значење бидејќи Фондот за иновации и технолошки развој за прв пат инвестира во развој на иновациската инфраструктура и пристап до современи технологии за средношколци и млади. Пристигнатите проектни апликации покажуваат јасна тенденција на вмрежување помеѓу иновативните компании и високообразовните установи, како и активно вклучување на граѓанскиот сектор, што води кон воспоставување на четворен хеликс ситем.“, изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Вкупниот буџет изнесува 9.000.000 денари, од кои 90% ги обезбедува Фондот, во максимален износ од 4.5 милиони денари за предлог-проект, додека преостанатите 10% треба да ги обезбеди апликантот. Времетраење на проектот е до 12 месеци.
Пристигнатите проектни апликации вклучуваат соработки со приватниот сектор и професионалните здруженија, јавните институции и други образовни установи, како и соработки со меѓународни партнери. Дел од апликантите обезбедија и кофинансирање од приватни инвеститори.
За проектните апликации следи административна проверка, по што оние кои ги исполнуваат критериумите на повикот, ќе бидат оценувани од страна на Комисијата која ќе вклучува претставници на академската заедница, бизнис секторот и граѓанскиот сектор.
Во лабораториите за производство „FAB LABS”, предвидено е на младите од 15 до 29 години, да им биде овозможен бесплатен пристап до современи технологии како 3D принтери и ласерски машини, со кои ќе можат да ги материјализираат своите иновативни идеи. Освен тоа, ќе им биде обезбедена и менторска поддршка, просторни и технички услови да конструираат прототип или мало производство на иновативно решение, кое ќе можат да го тестираат во лабораториска, индустриска средина или на пазарот.
Двете лаборатории кои ќе бидат воспоставени со почетокот на претстојната учебна/академска година ќе бидат пилот проекти. Врз основа на ова искуство, во наредниот период ФИТР планира да создаде механизам за воспоставување и поддршка на ваков тип на лаборатории и обезбедување нивна оддржливост.
Предизвикот беше отворен од 17 мај до 20 јули, 2021 година.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |