Официјално започнува спроведувањето на IPA проектот “Green Business Facility”.

#ДФИТР Фестим Халили ги пречека на работна средба претставниците на Делегацијата на Европската Унија и клучните експерти од консултантската куќа IBF, со што и официјално започнува спроведувањето на IPA проектот “Greening Business Facility”.

Во првата фаза од спроведување на IPA проектот, #ФИТР ќе се вклучи во градење на капацитетите, подготовка на програми и политики во износ од 2 милиони евра, а во втората фаза и објавување на грант шема за поддршка на мали и средни претпријатија и нивните “зелени” идеи, со вкупна вредност од 18 милиони евра.