Официјална посета на ДФИТР Фестим Халили на САД: средба со Девид Бесли

Oфицијалната посета на ДФИТР Фестим Халили на САД започнува со средбата на Дејвид Бесли, поранешен гувернер на Јужна Каролина и директор на Светската програма за храна при Обединетите Нации (World Food Program). Г-дин Бесли е добитник на Нобеловата награда за мир, како признание за неговите заложби за справување со светскиот глад.

Во рамките на посетата, ДФИТР Халили ја истакна важноста од заедничката соработка помеѓу двете земји за поддршка и развој на конкурентна економија, поттикнување на иновациите и претприемништвото.