Паралелно со натпреварот за млади иноватори, во ФИТР се одржува меѓународна обука за мониторинг и евалуација
Во рамки на динамичната агенда на активностите во Фондот за иновации и технолошки развој, паралелно со настанот Western Balkans R&I Youth Awards – Pitching Day, се реализира и меѓународна обука за мониторинг и евалуација, наменета за доусовршување на вработените во ФИТР.
Обуката е водена од искусни експерти и опфаќа современи пристапи, алатки и методологии за:
- системско следење на спроведувањето на програмите,
- мерење на ефектите од поддржаните проекти,
- континуирано унапредување на ефикасноста и влијанието на јавните инструменти за поддршка.
Целта на оваа активност е јасна: јакнење на институционалниот капацитет на Фондот, со што ќе се овозможи уште поефикасно и резултатски ориентирано управување со програмите.
Додека денес ја славиме младинската иновација и идеи што ја обликуваат иднината, воедно инвестираме и во развојот на сопствениот тим – затоа што квалитетната поддршка за иновации започнува со силна, обучена и подготвена институција.