Инфо сесии со компании од североисточен и скопски регион

Денеска се одржаа две инфо сесии со компании од североисточен и скопски регион, во рамките на јавниот повик кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.

Вкупен буџет на повикот изнесува 6 милиони евра

– микро претпријатија до 2.500.000 денари и 70% од вкуниот буџет на проектот

– мали претпријатија до 5.000.000 денари и 70% од вкупниот буџет на проектот

– средни претпријатија до 10.000.000 денари и 60% од вкупниот буџет на проектот

Апликантот обезбедува 30% за микро и мали претпријатија, односно 40% за средни претпријатија од вкупниот буџет на проектот.

Повеќе информации за повикот: https://fitr.mk/забрзан-раст-2/