Европската Комисија го објави извештајот за иновации: Најбрз раст на Република Северна Македонија во полето на иновации

Меѓу новите иноватори, Република Северна Македонија покажа најбрз раст (+11,7 поени) како земја која не е членка на ЕУ во периодот од последните три години (2021-2024 година). Нашата земја бележи пораст од 4% во тековната 2024 година.

Според последниот извештај за иновации кој го објави Европската Комисија (EU Innovation Scoreboard), Република Северна Македонија има перформанс од 45,1% во споредба со просекот на ЕУ од 48%.

Горди сме на овие резултати, кои ја потврдуваат нашата заложба да ги поттикнеме иновациите, истражувањата и технологиите помеѓу малите и средни компании како и академската заедница. Веруваме дека со ваков пристап ќе постигнеме уште подобри резултати следната година.