ДФИТР Фестим Халили се обрати на семинарот за инвестициски можности на Универзитетот на Југоисточна Европа

ДФИТР Фестим Халили присуствуваше на семинар за инвестициски можности во Република Северна Македонија, во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа. Пред присутните гости, државни институции и компании, ДФИТР ја претстави работата на Фондот, програмата и инструментите за поддршка на иновациската дејност во државата. ФИТР во наредниот период интензивно работи на акредитацијата од Зелениот климатски Фонд, националната стратегија за вештачка интелигенција и нови предизвици и повици кои ќе овозможат полесен пристап до финансии за македонските компании.