ДФИТР Фестим Халили се обрати на меѓународната конференција „Computing, Electronics & Communication Engineering” на Универзитетот во Велс

ДФИТР Фестим Халили беше гостин на Универзитетот во Велс, Trinity St. David во Велика Британија, каде се обрати по повод 6-тата меѓународна конференција „Computing, Electronics & Communication Engineering”.

Во присуство на високо деловни претставници, лордови, научници, лидери и академици, ДФИТР Халили имаше свое обраќање на кое се осврна на најновите иновации во областа на компјутерството, електроника и комуникациско инженерство во нашата земја и пошироко.

Вмрежувањето и размената на искуства и знаења кои се остварија во рамките на конференцијата, се од непроценливно значење за поттикнување на нови иницијативи со кои ќе се поддржат претприемачите но и поттикнување на развој на стартап екосистемите.

Во рамките на посетата, ДФИТР Халили во текот на наредните денови ќе оствари средби со стартап компании, дигитални акцелератори, автомобилска индустрија и други субјекти кои го формираат иновативниот старап екосистем на Велика Британија.