ДФИТР Фестим Халили: Поддршката на квалитетни и иновативни идеи ќе биде приоритет

 

  1. Каква улога треба да имаат иновациите и развојот на технологијата во нашата земја?

Во сите развиени општества и оние кои тежнеат кон суштински развој, иновациите и технологиите се наменети пред се да ги унапредат процесите, да го осовременат човековото живеење и да ги олеснат начините на кои нештата функционираат. Од економска гледна точка, технологијата ги рационализира трошоците, отвора нови можности за бизнис заедницата и нуди решение за проблеми од различни сфери и индустрии. Компаниите кои се во чекор со глобалните технолошки трендови и инвовации, паралелно потикнуваат и создаваат нови работни места.

Годинава во нашата програма е ставен посебен акцент на спроведување нови Повици за дигитализација на јавниот сектор, со што ќе продолжи вклучувањето на домашните компании со иновативна култура и капацитет во обезбедување на потребите на јавниот сектор и општеството во целина. Планираме инвестиции во здравствена технологија, финтек технологија, во иновациска инфраструктура, поддршка на успешните глобални образовни програми преку кои нашите ученици и млади луѓе ќе се вклуичат во глобални иницијативи, и многу други активности.

  1. Дали ќе имаме инвестиции во иновативен развој на компаниите, кои работат на отворање нови работни места?

Ова е институција која досега поддржала 784 компании (проекти), а според анализата која ја направиле ФИТР кон крајот на минатата година, податоците велат дека компаниите кои се поддржани од Фондот во 2020 година вработуваат вкупно 8439 вработени. Во рамките на речиси сите јавни повици и Предизвици се поддржани проекти кои вкучуваат ангажирање на тимови, односно создавање на нови работни места. Меѓудругото, планираме јавни повици за технолошки развој и комерцијализација на иновации кај компаниите.

  1. Дали ќе се обезбеди поддршка за компании и стартапи?

Досега се поддржани 393  стартапи компании, со заеднички инвестиции од 32 милиони евра. Стартап компаниите имаат можност за кофинансирање преку различни инструменти на Фондот но и годинава планираме јавен повик наменет токму за овој тип компании, односно „Стартапувај 4“.  

  1. Ќе има ли соработка со меѓународни претприемачи?

Фондот има успешна долгогодишна соработка со голем број меѓународни организации од различни области. Минатата година некои од познатите меѓународни претприемачи кои бесплатно го споделија своето знаење со домашната публика беа и Бјорн Тровери – менаџер за комуникации на Фејсбук, Адам Мичел-Хегс- експерт за циркуларна економија, иновации и корпоративни вложувања, Џејмс Грегсон, Директор за креативни содржини за дигитални медиуми во ЛЕГО и други. Активно работиме на продлабочување на соработката со претприемачи од повеќе држави, со што ќе овозможиме квалитетна размена на знаења и искуства со оние од нашата држава.Оваа година планираме да ја продлабочиме соработката со универзитетите, вклучувајќи истражувачи, професори и иноватори од развиените земји.

  1. Според Вас, дали имаме млади луѓе со потенцијал во нашата земја кои можат да ги постигнат своите цели и да и помогнат на земјата?

Најголемиот дел од тимовите во поддржаните компании, особено кај стартапите го сочинуваат млади луѓе кои креираат производи и услуги, односно својот талент го користат во нашата земја а она што го создаваат го извезуваат.

Ако на ова прашање одговарам од позиција на директор на ФИТР тогаш успешните приказни на младите и нивните проекти зборуваат многу. Во државата имаме млади кои се специјализирани во полето на вештачката интелигенција и успешно испорачуваат напредни софтверски продукти за водечки светски компании и брендови, но и за домашни институции. Го поддржавме проектот ”Synapse”  кој е насочен кон развој и надградба на иновативно софтверско решение ”Airport Briefing”, и е прв производ од ваков вид во глобалната авијациска индустрија. Станува збор за уникатна алатка за централизирана, ”едношалтерска” и квалитативна платформа за квалификување, обука и операции за компетентност на пилоти со рути и аеродроми. Во портфолиото на ФИТР навистина има голем број проекти со кои можеме да се гордееме. Сепак, ќе се обидеме да дадеме приоритет на трендот на поддршка на квалитетни и иновативни идеи.

  1. Дали луѓето од оваа Институција ќе бидат дискриминирани, што значи дека корист од оваа институција ќе можат да имаат само партиски луѓе/партии на власт?

Фестим Халили: Во мојот мандат ќе работам транспарентноста, квалитетот и вклучувањето на сите региони и категории граѓани да бидат клучни фактори во процесот на доделување поддршка од Фондот. Сакам да истакнам дека процесите на селекција и фазите по кои се доделуваат грантовите се јасно дефинирани и објавени на секој јавен повик. Сакам уште еднаш да потсетам дека конечната одлука за тоа кој проект ќе биде одобрен за финансирање ја носи Комисијата за одобрување инвестиции составена од пет странски експерти и во ниту еден сегмент вработените немаат никакво влијание. Тимот на ФИТР учествува само во административната контрола, односно доколку документацијата поднесена од апликантите е комплетна. Разбираме дека бројот на компании кои бараат поддршка е многукратно поголем од реалната финансиска можност за поддршка од Фондот, затоа критиката и фокусот на мислењето е на овие процеси, кои според мене ќе не мотивираат да работиме повеќе и ние сме максимално транспарентни со поттикнување на најквалитетни проекти, што го истакнав на првата средба претходно со членовите на комисијата на надворешни експерти. Фондот ќе продолжи да поттикнува и прикажува успешни приказни на претприемачи со максимална и професионална поддршка, компании кои со наша помош воведуваат нова технологија и го подобруваат производството, младински тимови да воведат нови услуги или да одлучат да го развиваат нивниот бизнис  во нашата земја а не  да го прават тоа во странство.

Линк до интервју: nistori.com