ДФИТР Фестим Халили дел од конференцијата „Policy Dialogue on Aligning Priorities in the Western Balkans”

„Дигиталната трансформација е следен незибежен чекор на компаниите кои сакаат да останат конкурентни и да продолжат да освојуваат нови пазари. Во овој процес, #ФИТР е вистински пријател кој нуди поддршка на компаниите полесно да се адаптираат на новите промени и да адаптираат нови технологии”.

Ова го истакна #ДФИТР Фестим Халили, кој денеска се обрати на конференцијата „Policy Dialogue on Aligning Priorities in the Western Balkans”, која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на Western Balkans Info Hub.

Во своето обраќање, #ДФИТР Халили се осврна на процесот на дигитализација и кои активности ги превзема #ФИТР со цел да ги поттикнеме компаниите да го првземат овој чекор, инструментите за поддршка како и идните активности на Фондот за поддршка на македонската економија.