ДФИТР Фестим Халили во неколкудневна посета на САД – средби со високи претставници од Конгресот на Америка

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили е во неколкудневна посета на Соединетите Американски Држави, каде оствари повеќе средби со високи претставници од Конгресот на САД, на кои се истакна важноста од меѓусебната соработката помеѓу двете земји во полето на иновациите и технолошкиот развој.

Официјалната посета на САД на ДФИТР Халили започна со средбата на Дејвид Бесли, поранешен гувернер на Јужна Каролина и директор на Светската програма за храна при Обединетите Нации (WFP). Воедно, г-дин Бесли е добитник на Нобеловата награда за мир, како признание за неговите заложби за справување со светскиот глад. На средбата ДФИТР Халили зборуваше за успешните политики на ФИТР, стартап портфолиото, но и новите иницијативи кои ги презема Фондот во насока на поттикниување на зелените инвестиции и зголемување на пристапот до капитал за македонските претприемачи.

Во рамките на безбедносниот форум на тема „Малигното кинеско и руско влијание на Балканот“, кој се одржа во Вашингтон, се разговараше за акутелни политички и развојни теми. За време на форумот, ДФИТР Фестим Халили оствари средба со конгресменот Пит Сешнс, на која беше презентиран американскиот модел на работа, инвестициските политики и беше разговарано за остварување на соработка помеѓу двете земји, која ќе придонесе кон остварување на раст и развој на претприемништвото, иновациите и поттикнување на технолошки развој. САД е вистински пример на технолошки лидери, достигнувањата кои ги постигнува оваа земја сѐ од големо значење за развој на технолошката индустрија на глобално ниво. Воедно, ДФИТР Халили одржа состанок и со конгресмените Трејси Ман и Кејт Селф, со кои беше разговарано за неодамнешните случувања во земјата и регионот.

 

Во текот на вчерашниот ден, ДФИТР Халили присуствуваше на традиционалниот годишен молитвен појадок на Капитол Хил, кој се организира од страна на американскиот претседател Џозеф Бајден, годишен собир на лидери и истакнати личности од светот, на кој се афирмира мирот и взаемното разбирање. Претседателот Бајден во своето обраќање упати порака за зајакнување на пријателствата, меѓусебна поддршка и повика на мир во светот.