ДИФТР оствари средба со представници од САД

ФИТР продолжува интензивно да работи на нови можности на поддршка за иновативните и креативни компании!
Денеска #ДФИТР Фестим Халили оствари средба со Розита Мреношки, советник за економски прашања и Рајан Милер, економски советник во Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
 Главен фокус на средбата беше размена на искуства и дискусија за можноста за остварување на заедничка соработка.
ДФИТР Фестим Халили на средбата ги истакна активностите на ФИТР преку кои се нуди поддршка за компаниите преку финансирање на најдобрите и одржливи бизнис идеи и проекти, како и фактот дека ФИТР е првата акредитирана институција кон Зелениот климатски фонд од Западен Балкан.