Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој денеска го посети „Х Фактор” Акцелераторот во Велес, со цел да се запознае со тековните активности на акцелераторот како и планираните инвестиции за наредниот период.
Х Фактор, заедно со Деловно-технолошки акцелератор УКИМ ДОО Скопје и Сеавус Акцелератор, е еден од трите акцелератори во државата и првиот надвор од главниот град, поддржани од ФИТР преку Светска Банка, кои добија финансиска поддршка во износ од 2 милиони евра преку Јавниот повик за финансирање на технолошки акцелератори со цел побрз развој на иновативните идеи, валидација на пазарот но и градење на скалабилни и одржливи бизнис модели кај македонските стартапи.
„X Фактор” Акцелераторот оваа година реализираше три инвестиции во македонски стартапи со вкупен износ од 300.000 евра. Последната инвестиција на Акцелераторот од 100.000 евра е во македонскиот стартап „Brummel”, компанија која стои позади првото сако наменето за мотоциклисти во светот. Компанијата е основана од страна на Нино Карас и Нина Левиќ и веќе има свои претставништва во Скопје и Њу Џерси.
„Навистина сум горд што „Х Фактор Акцелераторот” продолжува да биде место кое го стимулира развојот на иновативни стартапи и покажува дека Република Северна Македонија е на добар пат да биде стартап хаб во регионот. Трите инвестиции на Акцелераторот покажуваат дека акцелераторските програми се клучни за развојот на македонскиот стартап екосистем но и дека македонските стартапи сериозно работат на својата инвестициска подготвеност. Овие инвестиции ја покажуваат и важноста на поголема инволвираност на приватните инвеститори и бизнис ангелите во македонскиот стартап екосистем”, изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Земајќи го предвид новиот хибриден Инвестициски Фонд кој ќе се фокусира на инвестиции во македонските стартапи од 100 илјади до 1.5 милиони евра, но и речиси дупло зголемената помош за македонските стартапи планирана за 2022 година, во ФИТР во финални подготовки е новиот повик за поддршка на акцелератори преку кој ќе се финансираат три нови акцелераторски програми со фокус на инвестициската подготвеност за стартапи. Новиот модел на финансирање на акцелератори ќе вклучува и стимулирање на влез на приватен капитал во македонските стартапи преку модел „евро за евро”, односно на секое евро инвестирано од страна на приватен инвеститор во најуспешните стартапи од акцелераторските програми, Фондот ќе инвестира дополнително едно евро. Новиот повик за поддршка на акцелератори е планиран во првата половина на 2022 година.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |