Успешно се реализира проектот на приватното средно училиште САБА

Преку овој проект учениците истражуваа и креираа ИТ систем кој реагира на физички, светлосни, топлински и звучни пречки, покрај тоа ќе се истражува и репрограмира ефикасноста на таа сигнализација во реални опкружувања (средини со голема галама, гужва, пречки на патеката на движење, опасност од топлински извори на енергија и сл). Лицето со посебни потреби ќе може да го носи со себе системот прикачен на појасот заедно со поставени сензори на нозете, рацете или појасот. Сензорите ќе мерат различни параметри и ќе му сигнализираат на лицето дали пред него има предмет во кој може да се удри, дали опасност доаѓа од страната на грбот и др. Со тоа овој систем ќе им помага на луѓето во нивното секојдневно функционирање, а воедно значително ќе ја зголеми и нивната безбедност.