ДФИТР Фестим Халили учествуваше на International Skills for Enterprise Development (S4E) во организација на Европската Фондација за обука (ETF)

На покана на Европската Фондација за обука (ETF), ДФИТР Фестим Халили учествуваше на International Skills for Enterprise Development (S4E), кој се одржува од 21-24 Септември, во Тoринo, Италија. Настанот има за цел да овозможи поврзување на мали и средни компании од земјоделски- прехранбениот сектор, бизнис асоцијации и истражувачки институции кои се вклучени во процесот на иновации и обука на работната сила.

За време на посетата ДФИТР Халили оствари средба со Стопанската комора на Торино во Италија, каде беа презентирани можностите за поддршка на ФИТР за италијанските инвеститори и техничката поддршка која можеме да ја обезбедиме.

Свечено отворање на павилјонот на Северна Македонија во најголемиот саем за прехранбена технологија „Terra Madre Salone del Gusto“, заедно со нашиот амбасадор во Италија г. Весел Мемеди и претседателот на ФАО.

Средба со министерката за земјоделство на Албанија Г-ѓа Фрида Крифца на саемот „Тера Мадре“, на која беа разменети можности за соработка во дигитализацијата на земјоделството и споделување на искуствата на корисниците на ФИТР со компании во Албанија.o