Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и член 14 од Правилникот за инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации, бр.01-2572/5 од 19.07.2021 година, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 31.05.2023 година, објавува Јавен конкурс за финансирање под инструментот за поддршка “Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“.
Целта на инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.
Инструментот е наменет за претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Инструментот нуди финансиска поддршка на претпријатија регистрирани во Република Северна Македонија со цел да развијат и имплементираат иновативни решенија, вклучувајќи поддршка за претпријатија со висок потенцијал за раст.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до прет-комерцијална (прет-пазарна) фаза
Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари и тоа:
Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2022 и 2021 година.
Во случај на предлог проекти поднесени од страна на конзорциум, предлог проектот во име на конзорциумот го поднесува водечки апликант. Членови на конзорциумот можат да бидат: претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и од странство.
Секој член на конзорциумот треба да ги исполнува следниве критериуми:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот буџет на проектот и правилата и процедурите на Фондот се подобни за финансирање.
Критериумите и подкритериумите за евалуација на проектите се наведени во образецот -Табела за евалуација.
Секое плаќање на ројалти се врши по стапка од 5% од годишниот приход на корисникот остварен со продажба на производот / услугата кои се резултат на проектот, до остварување на поврат на 100% (сто проценти) од износот исплатен од страна на Фондот или за период од пет години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.
Во случај доколку за времетраењето на проектот, а сѐ до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститор кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти. Како доказ за направената инвестиција ќе се смета договор, тековна состојба и доказ за направена уплата на инвестицијата.
Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 (дваесет и четири) месеци.
За финансирање проекти под овој конкурс за овој Инструмент обезбеден е вкупен буџет од 8.000.000.00 (осум милиони) евра во денарска противвредност.
Сите обрасци за аплицирање можете да ги преземете на “Преземи апликација”
Уредно да се пополнат, потпишат и печатираат:
Документација која ја обезбедува Апликантот:
Проектната апликација, буџетот на проектот (во PDF и Excel формат) и биографиите треба да бидат доставени на македонски и на англиски јазик и да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето “Аплицирај”.
Останатата документација поврзана со апликантите треба да биде доставена само на македонски јазик.
Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите е до 10.07.2023 година, до 14.00 часот.
За сите дополнителни информации можете:
Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот како и на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |