„При оценувањето, следиме строг процес на бодување, строги насоки, ја оценуваме професионалната позадина, контекстот, репутацијата и можам да кажам дека во секој повик има многу добри проекти. За жал, нема доволно средства за да се поддржат сите. Оценуваме поединечно, а подоцна ги комбинираме поените, дискутираме за проектите, сите се независни лица и јас сум сигурен дека нашите оценки ќе го поминат надзорот. “ изјави Марвин Лиао, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), појаснувајќи го процесот со кој се донесени одлуките за финансирање на компаниите на јавниот повик „Стартапувај 3“.
Во одговорите на новинарските прашања, на денешната прес конференција која ја организираше ФИТР, Лиао додаде дека: „Иновацијата не се однесува само на технологијата, туку таа треба да помогне да се решат проблеми. Сакам да зборуваме за самиот процес, а не за секој проект поединечно“.
Гунтер Фелингер, кој е еден од членовите на КОИ, појасни дека во услови на криза поради пандемијата со Ковид 19, многу е важно да ги поддржиме компаниите во земјата, не само дигиталните, туку и компаниите што се занимаваат со земјоделство, металопреработувачката индустрија и сл. „Во вакви кризни времиња особено е значајно да се поддржат сите овие фирми за да се осигура дека тие ќе преживеат на пазарот и дека ќе продолжат да растат и да се развиваат. Токму така и овде ја гледам нашата улога.“, појасни Фелингер.
Фелингер додаде дека е важен и принципот на донесување на одлуките. „Во овој процес, од големо значење е да се земе предвид можноста за технолошки развој, економското влијание и создавање на нови работни места. Ние добиваме фантастични иновациски проекти, но нивното влијание, дали создаваат нови работни места во земјата, потенцијалот за извоз и сето тоа, е многу значајно, се зема предвид и е во фокус при оценувањето.“, дополни Фелингер.
На прес конференцијата, директорот на ФИТР, Коста Петров потсети и дека анализите покажуваат дека најголем ефект од поддршката на Фондот има кај стартапите, односно стартапите една година пред финансирање и две години по финансирањето имаат раст од над 197%.
Во Комитетот, освен Лиао и Фелингер, за проектите одлучуваат и интернационалните експерти Вибу Шарма, Ноел Грегор Петерсон-Џоунс и Ашер Сидики.
Претседателот на КОИ Марвин Лиао е поранешен извршен директор на „Yahoo!“ повеќе од една деценија. Тој е поранешен партнер на „500 Startups“ и Бизнис Ангел со над 19 години искуство во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи. Марвин инвестирал во 500 стартапи од 2014 година. Ашер Сидики има над 20 години искуство во корпоративен развој, со реализирани зделки вредни околу 8 милијарди американски долари. Тој исто така бил дел од „500 Startups“ во САД, но и дел од менаџерскиот тим кој ја водеше трансформацијата на „Етисалат“ во ОАЕ. Ашер Сидики својата кариера ја започнал како претприемач во Велика Британија и САД кон крајот на 90-тите. Третиот од членовите на КОИ, Гунтер Фелингер е генерален секретар на CEE BC – Австрија. Последните 28 години, Гунтер патува и придонесува за трансформација на бизнис секторот во Централна и Источна Европа и одлично ги познава економиите и предизвиците на младите претприемачи и новите бизниси во регионот. Д-р Вибу Шарма е искусен деловен стратег за иновации. Тој има повеќегодишно искуство во иновации, лансирање нови производи, поседува неколку патенти и е автор на книгата Спрингер, Њу Јорк. Патерсон-Џоунс е член на Советодавниот одбор на „Коалицијата за зелен капитал“ (Coalition for Green Capital) што претставува збирка на суверени меѓународни зелени банки, меѓународен член на Европскиот инвестицискиот стратешки фонд (European Strategic Fund for Investment- ESFI), специјален советник на Светска Банка за програмата за обврзници во Уганда, како и Кенискиот пензиски фонд.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |