Согласно член 13 од Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери бр.01-741/5 од 25.02.2020 Фондот за иновации и технолошки развој известува дека средствата од буџетот определени со јавниот повик се исцрпени и истиот се затвора.
Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени јавно на веб страната на ФИТР по завршување на формалните процедури согласно Правилникот.
Сите апликанти ќе бидат известени за резултатот на нивната апликација по електронска пошта.
Врз основа на член 11 и член 12 од Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери бр.01-741/5 од 25.02.2020 година, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 01.10.2020 година, објавува Jaвен повик за доделување на финансиски средства преку Иновациски ваучери
Целта на Иновациските ваучери е да се поттикне соработката помеѓу претпријатијата и академските и научно-истражувачките установи во насока на спроведување иновациски активности, со што претпријатијата ќе ја зголемат својата конкурентност.
Иновациските ваучери овозможуваат директен финансиски поттик кој претпријатијата го користат да покријат дел од трошоците за услугите кои ги нудат академските и научно-истажувачките институции, на тој начин ќе се интензивира обемот и динамиката на развојот на производите и услугите како и нивниот пласман на пазарот.
Вкупниот буџет за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери за овој јавен повик изнесува 15.000.000 мкд.
Иновациските ваучери можат да се искористат за покривање до 80% (осумдесет проценти) од вкупните трошоци на научно-истражувачките услуги, во максимален износ од 500.000 (петстотини илјади) денари (МКД), без данок на додадена вредност (ДДВ). Претпријатијата имаат обврска да го ко-финансираат преостанатиот износ од вкупните трошоци на услугите.
Претпријатието – апликант може да добие најмногу 2 (два) Иновациски ваучери во максимален износ од 1.000.000 (еден милион) денари во рок од 5 (пет) календарски години, при што двата Иновациски ваучери не можат да бидат доделени на ист јавен повик.
Износот на средства доделени преку Иновациските ваучери не смее да биде во спротивност или да ги нарушува правилата за доделување на државна помош од мало значење (de minimis – дефинирани во Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење).
Критериумите за подобност кои апликантот треба да ги исполни се:
При доделување на Иновациските ваучери не се дава предност на нивото на иновативност на претпријатијата апликанти ниту на некој специфичен индустриски сектор, освен ако не е поинаку определено во јавниот повик.
Подобни за финансирање се активности во сите дејности освен:
Субјекти подобни да бидат добавувачи на услуги се: јавни универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети); Македонската академија за науки и уметности; самостојни јавни високообразовни установи; приватно-јавни непрофитни високообразовни установи, јавни научни установи и мешовити научни установи основани согласно Закон за високото образование, Закон за научно-истражувачката дејност, Закон за Македонската академија на науките и уметностите како и трговски друштва регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно Закон за трговските друштва кои се во доминантна сопственост на јавни високообразовни установи (50,1% или повеќе).
Иновациските ваучери можат да се користат за пренос на научни, технолошки или иновaциски знаења кои се нови за претпријатијата или за решавање на некој технички/технолошки проблем кој ќе биде идентификуван од компанијата.
Финансиските средства може да се добијат за следните услуги:
Трошоци неприодобни за финансирање по Иновациските ваучери се:
ДДВ е трошок кој не е подобен за финанисирање и истот не се пресметува во вкупниот износ од член 3 на овој Правилник. Претпријатието – корисник треба дополнително да го покрие трошокот за ДДВ доколку е тоа применливо и за истиот трошок може да добие поврат согласно важечката законска регулатива.
Tрошоците за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори не се подобни за финансирање.
Трошоци неприодобни за финансирање по Иновациските ваучери се:
ДДВ е трошок кој не е подобен за финанисирање и истот не се пресметува во вкупниот износ од член 3 на овој Правилник. Претпријатието – корисник треба дополнително да го покрие трошокот за ДДВ доколку е тоа применливо и за истиот трошок може да добие поврат согласно важечката законска регулатива.
Tрошоците за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори не се подобни за финансирање.
За да аплицира за финансиски средства доделени преку Иновациски ваучер претпријатието – апликант треба да поднесе:
Во една Апликација, претпријатието – апликант може да вклучи максимум три добавувачи на услуги.
Претпријатието – апликант може да добие најмногу 2 (два) Иновациски ваучери во максимален износ од 1.000.000 (еден милион) денари во рок од 5 (пет) календарски години, при што двата Иновациски ваучери не можат да бидат доделени на ист јавен повик.
За да аплицира за финансиски средства доделени преку Иновациски ваучер претпријатието – апликант треба да ги поднесе поднесе наведените документи преку апликационата форма.
За финансирање ќе бидат разгледувани само оние апликации кои се доставени на горенаведениот начин.
Рокот за аплицирање по објавен јавен повик ќе трае сѐ додека средствата од буџетот определени со јавниот повик не бидат исцрпени.
Доделувањето на средства преку Иновациските ваучери се врши според редоследот на пристигнувањето на апликациите, односно комплетирање на апликациите, почнувајќи од датумот на објавувањето на јавниот повик, односно се додека средствата од буџетот на повикот определени со јавниот повик не бидат потрошени, по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Затворањето на рокот за аплицирање ќе биде објавен јавно, на интернет страницата на Фондот на денот на носење на Одлуката за доделување средства.
По одобрувањето на Известувањето за реализација на Иновациски ваучер од страна на Комисијата, Фондот прави исплата во износ согласно член 3 Правилникот и согласно потпишаниот Договор за доделување средства помеѓу Фондот и претпријатието – корисник, директно на банкарската сметка на добавувачот/ите на услугите.
Претпријатието – корисник има обврска да го исплати преостанатиот износ од трошоците на услугата, вклучително и вкупниот износ на ДДВ на банкарската сметка на добавувачот/ите на услугите.
Претпријатието – корисник има обврска да достави до Фондот доказ за исплатениот преостанат износ кон добавувачот на услугите во вид на извод од банкарска сметка.
За сите дополнителни информации можете:
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |