Џуниор ачивмент
ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЕВРОПА И ЕВРОАЗИЈА
Започнат во Октомври 2017 година, Проектот за поддршка на претприемничкото образование во Европа и Евроазија, имплементиран од страна на Џуниор Ачивмент Европа, цели да ги инспирира и подготви младите луѓе да успеат во глобалната економија преку развој и спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и подобра подготвеност за пазарот на труд. Проектот соработува со средни училишта, студенти, наставници, родители и други организации како бизнис асоцијации, финансиски институции, и водечки компании кои сакаат да го поддржат претприемничкото образование во Република Северна Македонија. Проектот го подобрува партнерството меѓу бизнисите и училиштата со цел создавање генерација на млади луѓе способни да применат иновативни пристапи и техники во нивните наставни активности и луѓе кои ќе бидат подготвени за модерниот пазар на труд.
Како функционира?
- Надградување на поддршката за претприемничкото образование во средните и стручните училишта со особен фокус на програмата „Џуниор Ачивмент“, која им нуди на учениците од 15 до 19 години, можност да научат како да создадат сопствен бизнис, како да стигнат од идеја до реализација додека се сѐ уште во училиште.
- Обука за професори за да ги водат учениците низ програмата за Џуниор Ачивемент компанија.
- Мерење на влијанието врз младите луѓе преку користење на евалуација заснована на способности пред и после и здобивање со сертификат за претприемачки вештини на „Џуниор Ачивмент“ (Entrepreneurial Skills PassTM – ESP) – маѓународна квалификација за учениците кои се дел од програмата „Џуниор Ачивмент“ за ученичка компанија.
- Спроведување на Иновативни кампови „Џуниор Ачивмент“ фокусирани на индустриски сектори со висок раст, на кои учениците присуствуваат на дванаесетчасовен настан заснован на предизвик;
- Овозможување учениците да учествуваат во национални и меѓународни натпревари.