Дополнително финансирање за корисници
Комерцијална банка и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со кој финансиските средства и услуги на Банката стануваат уште поповолни и подостапни за микро, мали и средни претпријатија, вклучувајќи ги и старт-ап компаниите. Со својата понуда Комерцијална банка на компаниите од овој сегмент ќе им обезбеди не само можност за финансиска поддршка на нивните инвестициони проекти, туку и совети и редица други поволности при користење производи и услуги на Банката.
Како клиенти на Комерцијална банка тие ќе добијат можност без надомест да отворат основна/наменска сметка и без дополнителна претплата да користат Интернет банка и мобилно банкарство. Истовремено, во првите три месеци бесплатно ќе може да вршат интерни плаќања во домашниот платен промет. На располагање им е и дебитна картичка за правни лица, која ќе им биде достапна без годишен надомест по основ на членарина во првата година. Девизниот платен промет им е достапен со значително намалени надоместоци, а повластени провизии ќе добијат и за пречекорување (оverdraft) на трансакциската сметка на компанијата.
За комплетирање на корисничкото искуство, клиентите на Комерцијална банка имаат и привилегија да добијат обука за Интернет банка и мБанкаКо, како и за платформа за електронска трговија. Бесплатни и секогаш на располагање им се бизнис советите од нашите вработени за кредитно-гаранциско работење и за финансирање на надворешната трговија при склучување извозни или увозни зделки.
Повеќе информации за понудата на следниот линк: https://kb.mk/ponuda-vo-sorabotka-so-fitr.nspx
Контакт лица:
Илија Мирчевски
E-mail: ilija.mircevski@kb.com.mk
Тел: +38923168504
Билјана Адамческа
E-mail: biljana.adamcheska@kb.com.mk
Тел: +38923168903
Горан Купенков
E-mail: goran.kupenkov@kb.com.mk
Тел: +38923168607
Елена Арсова-Бегиќ
E-mail: elena.arsova-begikj@kb.mk
Тел: +38923168108
Фондот за иновации и технолошки развој и Стопанска Банка АД Скопје потпишаа Меморандумот за соработка кој има за цел олеснет пристап до финансирање за стартап компании но и за сите микро, мали и средни претпријатија.
Пакетот на банката нуди основна и наменска трансакциска сметка за вршење плаќања во домашниот платен промет без надомест за отвaрање на сметка, дозволено пречекорување на денарска сметка со минимална провизија за одобрување, пристап на Е-banking и М-banking сервиси и повластени провизии за трансакции преку Е-banking сервисот до 70% пониски од оние на шалтер, VISA бизнис картичка без надомест за годишна членарина за првата година од користењето. Дополнително и кредитни линии, краткорочни и среднорочни кредити за финансирање на обртен капитал, долгорочни кредити за финансирање на инвестиции со промотивни услови како и дедициран советник за бизнис клиенти.
Повеќе информации за пакетот.
Контакт лице: Г-дин Дејан Крстевски
E-mail: dejan.krstevski@stb.com.mk
Тел: +38970349508
ФИТР и Шпаркасе Банка Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи поголема промоција и достапност до „Чекор по чекор“ програмата, со која домашните стартапи ќе можат да добијат различни пакети за финансиска, едукативна и менторска поддршка.
Преку програмата „Чекор по чекор“, стартапите кои ќе аплицираат за кофинансирани грантови на јавните повици на ФИТР, ќе имаат можност да го обезбедат сопственото учество по поповолни услови. Компаниите кои работат не повеќе од 12 месеци ќе можат да обезбедат кредит до 10.000 евра, додека стартапите кои постојат до 3 години ќе можат да добијат кредит во максимален износ од 25.000 евра. На корисниците на кои ќе им биде одобрен кредит, ќе им биде доделен ментор врз основа на нивните потреби и кој во период од една година ќе ги советува за развојот на нивното работење.
Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор“
Контакт лице: Владимир Кечовски
E-mail: vladimir.kecovski@sparkasse.mk
Tел: +38978495824
Фондот за иновации и технолошки развој и УНИБанка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите ќе бидат обезбедени за старт-ап компании.
Од соработката, бенефит ќе имаат компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои банката би обезбедила дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни услови од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.
Пакетот „УНИ Иновација” вклучува: 6 месеци без надомест електронско банкарство со уникатни бизнис Е-пакети, наменска сметка без надомест за одржување за првите 6 месеци, услуга „Мој Банкар” без надомест, како и маркетинг поддршка преку канали на банката. Имено, за сите корисници преку овој пакет, ќе бидат обезбедени бесплатни промотивни активности.
Повеќе информации за бизнис пакетот на следниот линк: https://unibank.mk/mk/news/60aca2e2131ccb00179d46be
Контакт:
Е-mail: uniinovacija@unibank.com.mk
Тел: 02/ 3 204 323 или 02/ 3 111 111
ФИТР и НЛБ Банка потпишаа Меморандум за соработка, чија главна цел е олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни претпријатија, вклучувајќи ги и старт-ап компаниите. Имено на компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, преку различни кредитни продукти, банката ќе им обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поволни кредитни линии.
Повеќе информации за пакетот услуги .
Експозитура | Кредитирање правни лица | Контакт број | Email |
Ск-Дирекција | Виктор Мургоски | 075/495-852 | |
Ск-Дирекција | Гордан Ѓурчиновски | 075/953-555 | |
Ск-Карпош 3 | Александар Трајковски | 078/215-096 | |
Ск-Карпош 3 | Михаил Огненовски | 078/495-851 | |
Ск-Дирекција | Марко Данилов | 070/317-836 | |
Ск-Чаир | Владимир Тодоровски | 078/752-850 | |
Ск-Чаир | Милош Јаќимовиќ | 075/345-540 | |
Ск-Ново Лисиче | Кристијан Неделкоски | 075/328-402 | |
Ск-Ново Лисиче | Иван Тренески | 071/219-966 | |
Ск-Илинден | Кристијан Василевски | 075/477-323 | |
Ск-Автокоманда | Андреј Илиевски | 075/416-506 | |
Куманово | Бојана Тушевска | 071/308-222 | |
Струмица | Миле Коцев | 078/321-383 | |
Прилеп | Сашко Антовски | 077/535-500 | |
Прилеп | Mенде Филипоски | 071/381-638 | |
Битола | Петар Петров | 078/495-843 | |
Битола | Дијана Стошиќ | 075/296-454 | |
Гевгелија | Марија Урдинова | 078/495-849 | |
Штип | Александар Величков | 078/495-857 | |
Велес | Дејан Стефанов | 078/495-842 | |
Кочани | Горанчо Илиевски | 078/495-840 | |
Радовиш | Миланчо Гинов | 078/495-850 | |
Неготино | Илија Мојсов | 072/208-603 | |
Охрид | Димитар Голабоски | 078/212-543 | |
Кичево | Христијан Костевски | 045/224-463 | |
Тетово | Анита Симовски | 078/495-846 | |
Гостивар | Ардит Шаќири | 078/495-848 |
ФИТР и Силк Роуд Банка АД Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании. Банката преку пакетот на производи „Bizz Up“, креиран со поддршка од Европската унија и Европскиот Инвестициски Фонд прекугарантната шема EaSI, овозможува финансирање на микро и мали претпријатија, компании во фаза на развој и стартап компании. На компаниите на располагање им стојат различни производи и услуги, како дозволено пречекорување на сметка, кредити за обртни средства и инвестициски кредити, со привилегирани пониски каматни стапки од редовните.
Повеќе информации за пакетот.
ФИТР и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка, со која микро, малите и средни претпријатија, вклучувајќи ги и старт-ап компаниите ќе добијат олеснет пристап до финансиски средства за реализација на нивните иновативни бизниси.
Главната придобивка ќе биде за компаниите тоа што банката ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка преку Стартап пакетот, наменет за стартап компании.
Стартап пакетот на ПроКредит Банка вклучува целосно бесплатно одржување на сметката за првите две години од датумот на основање на компанијата и вршење на неограничен број на трансакции во земјата со 0 денари надоместок. Дополнително, пакетот вклучува личен советник за бизнис клиенти, целосно електронско банкарско работење, најниски и фиксни провизии за трансакции со странски земји и автоматизирани и бесплатни приливи во странство, можност за кредитирање по 12 месеци активност на компанијата, кредитна картичка.
Повеќе информации за пакетот на: https://www.pcb.mk/startapi.nspx
Дополнителна можност за сите стартап компании и фриленсери е новиот модерно уреден, иновативен и бесплатен co-working простор Hive Room, кој може да се користи бесплатно со аплицирање на следниот линк: https://www.pcb.mk/hiveroom/mk
Контакт лице:Г-ѓа Тонка Николовски
E-mail:tonka.nikolovski@procredit-group.com
Тел: +389 70 225 753