Јавен повик за финансирање на предлог проекти преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно-технолошки акцелератори

Врз основа на член 25 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ број 79/2013, 137/2013, 41/2014, 44/2015, 6/2016, 53/2016, 190/2016 и 64/2018), Фондот за иновации и технолошки развој на 29.05.2018 година објавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно-технолошки акцелератори.

Целта на овој Инструмент е да обезбеди финансиска поддршка за воспоставување, работење и инвестирање на деловно-технолошките акцелератори во согласност со одредбите на Законот за иновациска дејност. Се очекува дека деловно-технолошките акцелератори (во натамошниот текст: „акцелератори”) Ке ја играат клучната улога во националниот систем за иновации преку обезбедување на ресурси кои Ке придонесат за забрзан и одржлив раст и развој на новооснованите старт-ап претпријатија.

Поддршката, преку овој Инструмент, Ке биде доделена за воспоставување (опционално) и работење на акцелератор, имплементацијата на пред-инвестициона програма и инвестиции. Акцелераторите Ке обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, кои вклучуваат: канцелариски простор (опционално) и административна поддршка, обука, советување и/или менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции. Новооснованите старт-ап претпријатија кои ги користат услугите на акцелераторот стекнуваат статусот на корисници на деловно-технолошкиот акцелератор (во натамошниот текст: „корисници на акцелераторот”).

Преку овој Инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој (во натамошниот текст: „Фондот”) обезбедува финансирање до 75 %(седумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проектот, за максимален износ од 500.000,00 (петстотини илјади) евра за оперативни трошоци (повеКето во фаза 1, а дел во фази 2 и З) и инвестиции (во фази 2 и З).Преостанатиот износ на вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од апликантот(ите). Средствата добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање на апликантот.

Преку овој Инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 50% (педесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, во максимален износ од 500.000,00 (петстотини илјади) евра за двете фази. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да го обезбеди апликантот.

За проекти кои се состојат од Фаза 1 и Фаза 2, буџетот за спроведување на Фазата 1 може целосно да биде покриен од страна на Фондот при што финансискиот придонес на Фондот за Фаза 1 не смее да надмине 10% од вкупното дозволено кофинансирање од страна на Фондот за целиот проект т.е. не смее да надмине максимален износ од 50.000,00 евра (педесет илјади евра).

Кофинансирањето од страна на Фондот наменето за имплементација на Планот за подобрување не смее да надмине 200.000,00 евра (двесте илјади евра) за поединечен краен корисник (МСП).

Субјекти кои се подобни за финансирање според овој Инструмент се правни лица кои обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, како што се: канцелариски простор (опционо) и административна поддршка, обука, советување и/или менторство, пристап до ресурси за деловна поддршка, како и финансиски инвестиции (во натамошниот текст: „акцелераторски услуги”).

Таквиот субјект треба да ги исполнува следните критериуми за подобност:

  • да биде правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија, во согласност со Законот за трговски друштва или Законот за здруженија и фондации
  • да биде во мнозинска македонска сопственост (50,1% или повеќе) – за трговските друштва, или мнозинството основачи (50,1 % или повеќе) треба да бидат државјани на Република Македонија – за здруженија и фондации.
  • да има сопственичка / основачка структура составена од: физичко(и) лице(а); и/или правно(и) лице(а) основано(и) како трговско друштво, здружение или фондација, регистрано(и) во Централниот регистар на Република Македонија, во согласност со Законот за трговски друштва или Законот за здруженија и фондации; и/или  единица(и) на локалната самоуправа во Република Македонија (да има(ат) до 30%сопственичко учество во акцелераторот); и/или  високообразовна(и) или научна(и) и истражувачка(и) институција(и) (да има(ат) до 30% сопственичко учество во акцелераторот); и/илиРепублика Македонија (да има до 30% сопственичко учество во акцелераторот).

Во случај на јавно-приватно партнерство, се применуваат одредбите од Законот за државна помош и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство.

Договорот за доделување на средства се потпишува помеѓу Фондот, од една страна, и акцелераторот, од друга страна.

Подобни трошоци за финансирање според овој Инструмент се:

  • Фаза 1: Ке ги покрие оперативните трошоци како што се: Трошоци за воспоставување на акцелсратор, управување со акцелератор, административна и техничка поддршка на работата на акцелсраторот, трошоци за менторство, обука и советување, трошоци за надворешни соработници (ментори, обучувачи, советници)[1] и трошоците за материјали за обука, логистичка и техничка поддршка, односно неинвестициски трошоци (вкупното кофинансирање од Фондот за Фаза 1 е до 75% од вкупните трошоци во Фаза 1, односно 75.000 евра). Оперативните трошоци финансирани од Фондот Ке бидат 20% од вкупниот износ на кофинансирање од страна на Фондот во износ од 500.000 евра, додека преостанатиот износ од 400.000 евра ќе биде за инвестиции за Фаза 2 и Фаза 3 во корисникот на акцелератор. Износите на оперативни трошоци за сите три фази се заменливи, односно неискористените износи може да бидат наизменично користени во различни фази, доколку вкупните оперативни трошоци во сите три фази не смеат да надминат 100.000 евра. Горната граница за оперативните трошоци во Фаза 1 е 75.000 евра, а за Фаза 2 или З кумулативно, горната граница е 25.000 евра.
  • Фаза 2: Трошоци за почетни инвестиции (кофинансирање од Фондот до 75 % од вредноста на секоја инвестиција, за максимален износ од 25.000 (дваесет и пет илјади) евра по корисник на акцелератор); и

  • Фаза 3: Натамошни инвестиции (кофинансирање од Фондот до 75% од вредноста на секоја инвестиција, за максимален износ од 75.000 (седумдесет и пет илјади) евра по корисник на акцелератор).

  • Износот од 400.000 евра наменет за инвестиции во Фаза 2 и Фаза З е заменлив, односно се очекува акцелераторот да создаде добро портфолио на компании подготвени за Фаза З и да ги утврди финансиските потреби за Фаза З и соодветно да ги направи инвестициите во Фаза 2.
  • Во дополнение, средствата преостанати од оперативните ТРОШОЦИ може да се користат во Фаза З.

Неподобни трошоци за финансирање според овој Инструмент се:

  • Трошоци за плаќање камата или долг на трета страна;  
  • трошоци и провизии за минати или можни идни загуби или долгови;
  • покривање на загуби настанати поради курсни разлики, такси и казни;
  • трошоци за купување недвижен имот и реновирање;  
  • готовински исплати од посебната сметка на проектот;
  • трошоци за набавка на половна опрема;  
  • трошоци за реализација на активности претходно финансирани од други извори;  
  • трошоци за забава и угостителство;  
  • трошоци за регрутирање на кадар (трошоци за објавување на оглас, провизии за агенции за вработување, трошоци поврзани за селекција на кандидати и слично) и трошоци за прераспределба на вработени;  
  • надоместоци на плати.

Основните критериуми за евалуација на проектот и доделување на средства според овој Инструмент се:

  • Профил на менаџерскиот тим и човечките ресурси;
  • Квалитет на проектот;
  • Институционални капацитети и одржливост;
  • Финансиски параметри;
  • Релевантност на буџетот.

Основните критериуми и под-критериуми за евалуација се наведени во Табела за евалуација на предлог проектите.

Времетраењето на проектот за кој се доделени средства преку овој Инструмент може да биде до 36 (триесет и шест) месеци.

За финансирање на проекти под овој инструмент обезбеден е вкупен износ од 1.700.000,00 (еден милион и седумстотини илјади) евра, односно 104.550.000,00 (сто и четири милиони и петстотини и педесет илјади) денари.

Средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на апликантот.

Во предлог проектот апликантот треба да предложи, а доколку се одобри за финансирање, од апликантот се очекува да формира организациона структура преку која релевантни експерти Ке бидат ангажирани според потребите на корисниците на акцелераторот.

Апликантот, исто така, треба да предложи, а доколку проектот биде одобрен за финансирање, од апликантот се очекува да воспостави постапки, вклучувајКи, мет(у другото, одредби за: судир на интереси, чување на доверливост, измама и корупција, добро финансиско управување, заштита на правата од интелектуална сопственост, заштита на животната средина, постапки за вршење набавки, изборот на корисници на акцелератори и други постапки во согласност со правилата на Фондот и Светската банка, утврдени со овој Правилник и Правилникот за управување.

Акцелераторот треба да обезбеди корисниците на акцелераторот да постапуваат во согласност со добрите трговски обичаи, како и со правилата за управување со животната средина, во согласност со одредбите наведени во Правилникот за управување.

Од менаџерот/менаџерите на акцелераторот се очекува да бидат посветени на активностите на акцелераторот и да дејствуваат самостојно, но под надзор и координација од страна на Фондот.

ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА: ДО 05 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА (23.59ч.)

Поради голем интерес и на барање на компаниите, рокот за аплицирање по редовна постапка за јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој е продолжен до 10 февруари, 2020 година (До 23:59 часот).

ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: ДО 27 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА (23.59ч.)

Сите информаци и документација поврзана со повикот се наоѓаат на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj и Правилникот за инструментот за поддршка-Кофинансирани грантови за технолошки развој

Пишете ни на: tehnoloshki@fitr.mk

Јавете ни се: +389 2 314 5258

Посетете нѐ во канцелариите на ФИТР (ГТЦ ЛОКАЛ 6 Д.Е.220 ВО СКОПЈЕ)

1. Кои услови треба да ги исполни апликантот за да биде подобен за финансирање под овој инструмент?

За да биде подобен за финансирање под овој инструмент апликантот треба да биде правно лице основано во Централниот регистар на Република Македонија во согласност со еден од следните закони: Закон за здруженија и фондации, Закон за трговски друштва, Законот за стопански комори и да има најмалку 50,1% македонски основачи / сопственици. Апликантот се претпочита да дејствува како кластер, стопанска интересна заедница или деловно здружение.

2. Дали поединечно претпријатие може да се јави како апликант под овој инструмент?

Да, поединечно претпријатие кое ги исполнува критериумите за подобност за овој инструмент може да се јави како апликант под овој инструмент. Меѓутоа, поединечно претпријатие не може да биде краен корисник на технолошката екстензија. Поединечното претпријатие – апликант треба да ги обезбедува услугите за технолошка екстензија и поддршката на групата МСП како крајни корисници. Ова значи дека апликантот фактички делува како посредник помеѓу Фондот и крајните корисници – група на микро мали или средни претпријатија.

Предлог проектот не може да се однесува на технолошка екстензија на едно поединечно претпријатие. Во согласност со член 3 од Правилникот за инструментот за поддршка – ко-финансирани грантови за технолошка екстензија, „технолошката екстензија треба да биде насочена кон група на МСП со цел да се подобри нивната продуктивност и конкурентност и да се постигне секторско влијание“.

3. Дали е подобна фондација чии основачи се македонци, а одлуките ги донесува УО кој е составен од странски државјани?

Да, фондација во чија основачка структура се појавуваат најмалку 50,1% лица кои се државјани на Република Македонија ги исполнува критериумите за подобност под овој инструмент, независно што членовите на управниот одбор на истата се странски државјани.

4. Доколку по имплементација на Фаза 1 – Дијагностика и План за подобрување Комитетот за одобрување на инвестиции не одобри финансирање на Фаза 2 – Имплементација на План за подобрување дали корисникот ги враќа на фондот средствата потрошени за имплементација на Фаза 1?

Средствата доделении за Фаза 1 и наменски потрошени за потребите на спроведување на Фаза 1 се неповратни, односно корисникот нема обврска истите да ги врати во случај Комитетот за одобрување на инвестиции да не одобри финансирање на втората фаза од проектот.

5. Како апликантот докажува дека тимот ги задоволува критериумите наведени во повикот и во Правилникот за инструментот за поддршка – ко-финансирани грантови за технолошка екстензија?

Апликантот во делот „III. ПРОЕКТЕН ТИМ“ во проектната апликација треба да внесе информации за квалификации на членовите на тимот кој ќе го спроведува проектот, согласност со критериумите наведени во јавниот повик и правилникот за соодветниот инструмент за поддршка. Исто така, во прилог на проектната апликација, апликантот треба да достави биографии на клучните луѓе на проектот (најмногу 5 биографии).

За точноста на податоците наведени во проектната апликација гарантира апликантот.

Фондот има право да побара дополнителни информации/документи да бидат доставени од страна на апликантот со цел проверка на наведените квалификации на членовите на проектниот тим.

Исполнувањето на критериумите за подобност на тимот се оценува при оценувањето на предлог проектите.