Заради голем интерес и над 2000 симнати апликациски пакети, на барање на домашните компании но и поради зголемен прилив на апликации на последниот ден за аплицирање поради што настануваат и технички проблеми, рокот за аплицирање на јавниот повик за брзо прилагодување на Ковид -19 се продолжува до 03.07.2020 до 14.00 часот.
Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), Правилникот за за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19 Фондот за иновации и технолошки развој на 29.05.2020 година објавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка- Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19.
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (во понатамошниот текст само „ПЗУ“) за надминување на последиците од КОВИД-19, кои ги исполнуваат условите наведени во Правилникот за за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19.
Доколку претпријатијата погодени од КОВИД-19 воведат нови методи и технологии во своето работење и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, тие можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, да генерираат приходи преку нови канали на продажба, да воведат нови производи или услуги кои ќе одговорат на промените во побарувачката.
Поддржаните претпријатија во рок од 6 месеци од завршување на проектот, очекувано е да се вратат на ниво на остварени приходи пред кризата како резултат на прилагодувањата направени во нивниот модел на функционирање.
Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000,00 (три милиони) денари по апликант и тоа:
Критериумите за подобност кои треба да ги исполнува поединичен апликант се:
Преку овој Инструмент се обезбедува поддршка за следните видови на инвестициски активности:
Следните трошоци ќе бидат подобни за финансирање преку овој Инструмент:
Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет на проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.
Главните критериуми за евалуација на проекти и доделување средства преку овој Инструмент се:
Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се дадени во образецот на Табелата за евалуација
Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен буџет од 3.300.000.00 милиони евра.
За да аплицира апликантот треба да:
уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за :
Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето „Аплицирај “.
Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.
Поради голем интерес и на барање на компаниите, рокот за аплицирање е продолжен до 03 јули, 2020 година до 14:00 часот.
Може, бидејќи нема ограничување во однос на староста на претпријатието апликант.
Може да аплицирате и на овој повик меѓутоа со оглед дека сте аплицирале на друг повик (обајвен во последните 12 месеци) и сте ја поминале фазата на предселекција ќе може да аплицирате за износ не поголем од 35% од вкупниот аплициран износ на претходниот повик.
На пример: доколку на претходниот повик сте побарале кофинансирање од Фондот во износ од 10 000 евра, на овој повик не може да побарате поддршка од Фондот повеќе од 3 500 евра.
Повратот на финансиската поддршка доделена од страна на Фондот се врши по стапка од 15% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на еден од следниве два услови:
Обврската за поврат настанува по завршување на проектот и износот на поврат се пресметува од остварената оперативна добивка за годината за која се уплаќа (односно основот за поврат не е остварената добивка пред аплицирање или последните три години).
Условите за подобност се наведени во член 7 во Правилникот за овој инструмент. Според наведените услови, сопственоста не е критериум за подобност.
Потврда/извештај дека апликантот нема доспеани неподмирени обврски над 90 дена кон финансиски инстутиции заклучно состојба од крај на Февруари 2020 можете да ја извадите од Кредитното Биро на РСМ.- https://mkb.mk/
При вадење на потврдата треба да водите сметка состојбата на долгувањата да биде заклучно крај на Февруари 2020 година.
Листа/потврда за бројот на вработени кај апликантот можете да биде од вашето сметководство со потпис на овластено лице на претпријатието и печат од претпријатието или од агенција за вработување (АВРМ).
Треба да се достави копијата од официјалниот биланс на состојба и успех (завршна сметка) поднесена во Централниот регистар. МЕЃУТОА, со цел намалување на трошокот за апликантите и намалување на документацијата која ја обезбедува апликантот, за овој повик Фондот ќе го обезбеди билансот на состојба и успех за секој апликант преку Централен регистар.
ДДВ е неподобен трошок и износите во буџетот треба да се без ДДВ.
Проектот нема правен статус и не се регистрира ниту во СЕП ниту во УЈП.
Во фаза на апликација немате обврска да ги доставите понудите.
Во случај проектот да е одобрен за финансирање, по потпишување на договорот а пред правење на набавката, за било која набавка предвидена во буџетот на проектот која надминува износ од 10 000 евра, потребно е до Фондот да доставите минимум три понуди и кратка информација за направениот избор на добавувач.
Доколку апликантот е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот Регистар на Република Северна Македонија или е приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и Законот за здравствената заштита регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија, тогаш го исполнувате овој критериум за подобност, согласно член 7 од Правилникот за инструментот.
Доколку компанијата е постара од три години во моментот на аплицирање, тогаш, согласно условите за подобност (член 7 од Правилникот за инструментот) не треба да има генерирана загуба во последните две фискални години согласно официјалните биланси на успех за тие години. Соодветно на тоа, доколку претпријатието апликант е до 3 години постоење до моментот на аплицирање, за тие претпријатија нема услов да немаат остварена загуба.
Под оперативна добивка се подразбира остварената бруто добивка на претпријатието пред одземање на трошоци за камата, даноци и амортизација.
Во правилникот не е наведено такво ограничување. Во член 4 од Правилникот, соодветно на големината на претпријатието различни се максималните износи кои можат да бидат побарани од ФИТР.
Во конкретниот случај доколку апликантот има до 10 вработени а годишни приходи поголеми од 50 000 евра, максималниот износ кој може да биде побарано од ФИТР изнесува 1 500 000 денари доколку приходите се до 2 милиони евра. Доколку приходите се над 2 милиони евра а помали од 10 милиони евра тогаш може да се аплицира за поддршка до 3 милиони денари.
Доколку фирмата не остварува оперативна добивка во период од три години по завршување на проектот, согласно официјалните податоци од билансот на успех, за годините за кои нема остварено добивка корисникот нема да има обврска да направи поврат.
Во случај да е поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против корисникот, корисникот писмено го известува Фондот во рок од 10 (десет) дена од дознавањето за таквиот предлог. Информации за постапување во вакви случеви може да најдете во Правилникот за инструментот.
Согласно условите од Правилникот, секоја активност и набавка поврзана со проектот, треба да биде преземена по одобрување на проектот односно по потпишувањето на договорот со Фондот. Согласно член 8 од Правилникот став 2 „само трошоците направени за време на проектот и во согласност со одобрениот буџет се подобни за финансирање“.
Утврдената сума се определува согласно големината на претпријатието апликант. Доколку Вашиот проект е поголем, можете да го зголемите Вашето учество во проектот како би ја постигнале вкупната потребна сума за реализација на идејата. Ограничување во поглед на износот за целиот проект, нема односно ограничувањето се однесува само на делот кој го финансира Фондот.
Нема ограничување во бројот на проекти со кои може да аплицира една компанија, но треба да водите сметка за капацитетот на реализација на истите во случај да бидат одобрени.
Со оглед дека аплициравте на предизвик а не на регуларен повик за инструмент за поддршка на ФИТР за вас не важи ограничувањето (доколку сте аплицирале само на КРЕАТОН и сте ја поминале фазата на претселекција).
Нема ограничување во поглед на минимална сума за која би аплицирале.
Доколку проектот трае повеќе од еден квартал согласно член член 8 од Правилникот став 3, износот на секој одделен квартал не треба да се разликува од останатите за повеќе од 30%.
Доколку проектот се реализира во еден квартал, тогаш нема вакво ограничување.
Доколку еден проект е добитен, пред потпишувањето на договорот за финансиската поддршка се отвара наменска сметка на која се уплаќаат средствата од Фондот и вашето кофинансирање. Понатаму сите исплати согласно буџетот на проектот се прават преку наменската сметка.
Во случај да имате прилив од продажба, истиот не е задолжително да оди на наменската сметка бидејќи претпријатието корисник сам одлучува на која сметка ќе легнуваат средствата од продажба.
Биографија или CV (curriculum vitae) e образец на документ кој ги прикажува вештините и квалификациите на членовите на проектниот тим за секој член одделно.
Доколку ги исполнувате условите за подобност наведени во Правилникот може да аплицирате. Воедно, при подготовка на проектот треба да водите сметка за целта на инструментот, активностите подобни за финансирање и критериумите за евалуација (табелата за евалуација е доставена на нашиот сајт со цел да имате увид во критериумите и тежината на секој критериум според кои проектите ќе бидат евалуирани).
За почеток на реализација на проектот, апликантот сам го одбира датумот. Имајте на ум дека рокот за аплицрање е до крај на Јуни по што следува процесот на селекција. При определување на рокот за почеток на проектот (при правење на планот за проектни активности) препорака е активностите да не се пишуваат во планот на активности со конткретни датуми туку на пример прв квартал, прв месец и слично.
Немате обврска да правите проекција на поврат. Во третиот дел од буџетот на проектот имате обврска да направите проекција за приходите и добивката на вашето претпријатие во рок од три години по завршување на проектот. Врз основа на бројките од тој образец, во проектната апликацијата треба да дадете објаснување на претпоставките од проекцијата.
Во овој случај 2020 би била базна година.
Да, како што е наведено во образецот за финансиска проекција, прво што треба да направите е да внесете податок за „Очекуван износ на приходи во 2020 година, базна година“ (во случај проектот да завршува во 2021). Со оглед дека 2020 е уште во тек треба да внесете очекуван износ на приходи (имате податок за поминати 6 месеци од годината, останува да ги проектирате вашите очекувања за движење на приходите до крај на 2020 годиина).
Сопственото учество за секој еден проект треба да е минимум 30%.
Истата сметка може да се користи само доколку претходниот проект ви е завршен.
Правното лице кое аплицира за грант во сопственичката структура има 5 основачи, при тоа ни една фирма не е од истата дејност со фирмата која аплицира,дали тоа се смета за поврзан субјект со друго правно лице или се однесува на поврзани лица доколку правното лице има отворено под фирма (со истата дејност).
Сите 5 компании основачи на фирмата апликант се јавуваат како поврзани лица и ќе треба да се направи проверка на критериумот за подобност: претпријатието апликант не треба да е поврзано со друго претпријатие или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра и збирниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа.Истото се однесува и доколку станува збор за основачи физички лица.
Не постои ограничување во однос на земјата при набавка на опрема.
Секој проект, независно од тоа дали се поднесува од иста или различна фирма, треба да има минимум 30% сопствено кофинансирање на ниво на проект. Во спротивно, буџетот за проектот во фаза на административна проверка на проектите ќе биде вратен како неподобен и ќе биде побарана корекција на буџет при што ќе треба да биде внесено учеството на апликантот од минимум 30%.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |