Фондот за иновации и технолошки развој, Центарот за трансфер на технологија и иновации при Факултетот за електротехника и информациски технологии – ИНОФЕИТ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), потпишаа Меморандум за соработка, со цел воспоставување и унапредување на механизмите за поддршка на процесите на дигитална трансформација кај македонските компании преку воведување и примена на дигитални решенија.
Преку ваквата соработка се потенцира важноста од дигиталната трансформација на клучните процеси во компаниите, која е од суштинско значење за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонските компании и економијата во целост.
„Досегашната успешната соработка на ФИТР и ИМЕ продолжува во насока на развој на македонскиот еко систем преку поддршка на процесот на дигитална трансформација но и подобрување на степенот на дигитализација на македонските компании. Поддршката на иновативни дигитални решенија ќе придонесе кон развој на нови типови на иновации но и забрзан раст на компаниите. Со овие активности ќе придонесеме и кон зајакнување на позицијата на Дигиталниот иновациски хаб при Центарот за трансфер на технологија и иновации (ИНОФЕИТ ДИХ) како one-stop shop давател на услуги за дигитализација” изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Активностите е предвидено да се одвиваат во две фази – во првата фаза ќе се врши испитување на потребите за дигитализација кај мали и средни претпријатија, додека во втората фаза предвидено е Фондот да објави Повик за ко-финансирани грантови за развивање и имплементација на иновативни дигитални решенија.
„Дигиталниот иновациски хаб на ИНОФЕИТ како давател на услуги на компаниите во поглед на дигитална трансформација ќе ја предводи првата фаза од реализацијата на активностите предвидени со Меморандумот за соработка кој го потпишавме денеска. ИНОФЕИТ ДИХ со поддршка на Швајцарската програма ИМЕ наскоро ќе објави повик за компании кои имаат интерес да направат анализа на нивната дигитална зрелост и детекција на потребите за дигитални решенија.– Анализата на компаниите ќе се прави по методологија усогласена со современите практики во државите од ЕУ со која компаниите ќе добијат детална проценка на потенцијалите за идна дигитална трансформација и иден раст како и клучни технологии/алатки потребни за дигитална трансформација и подигнување на нивото на дигитална зрелост – рече проф. Владимир Атанасовски, управител на ИНОФЕИТ.
Активностите ќе бидат насочени кон компании од домените дефинирани со процесот на паметна специјализација: 1) паметно земјоделство и храна со додадена вредност, 2) информатичко-комуникациски технологии, 3) паметни и одржливи згради и материјали, и 4) машинска и металопреработувачка индустрија (индустрија 4.0), 5) туризам, и 6) енергетика.
„Предвидените активности во рамки на Меморандумот ќе овозможат унапредување на македонските компании во насока на повисок степен на дигитализација и дигитална трансформација. Целта на Швајцарската поддршка е да се зголеми дигиталната подготвеност на компаниите, и преку инвестиции во дигитални решенија да се подобри нивната ефикасност и продуктивност во работењето, што ќе води до поголема конкурентност на домашниот и странските пазари, а во исто време ќе создаде услови за креирање нови пристојни работни места.” – истакна Горан Дамовски, Директор на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).
Во следниот период, ќе биде објавен Повик за ко-финансирани грантови за развивање и имплементација на иновативни дигитални решенија во согласност со Годишната програма за работа на ФИТР за 2022 година, Столб 2 – Поддршка за бизнис развој, дел: Тематски предизвици – Стартап хабови и хабови за дигитална иновација (Digital Innovation Hub – DIH), за што ќе следат навремени информации на социјалните медиуми и последователни инфо сесии.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |