За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 450.000 (четиристотини и педесет илјади) евра, односно 27.762.750 (дваесет и седум милиони, седумстотинишеесет и две илјади и седумстотини и педесет) денари.
Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.
Средствата за инструментот ‒ кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија, од страна на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развоj.
Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат во печатена верзија во архивата на Фондот до 26.07.2016 година до 16:00 часот и во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mkдо 01.08.2016 година до 00:00 часот.
Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (што не се постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани, кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот на оценување и селекција, водејќи се според следните основни критериуми:
Ги повикуваме сите заинтересирани да поднесат уредно пополнети предлог проекти во печатена верзија во архивата на Фондот и електронски, преку системот на Фондот http://mis.fitr.mk. За време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе еден предлог проект по јавен повик. Апликацискиот пакет се состои од:
1. Проектна документација:
2. Документација поврзана со апликантот:
Проектната апликација, Буџетот на проектот и Финансиската проекција треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик. Кратките биографии на клучните луѓе на проектот треба да бидат на англиски јазик. Документацијата поврзана со апликантите треба да биде на македонски јазик.
Пред пополнување на апликацијата, Ве молиме внимателно прочитајте го целосниот текст на повикот кој содржи детално објаснување на условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог проектите, и упатството за апликантот достапно на нашата веб страна http://mis.fitr.mk/ApplicantsManual_MK.pdf
Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат
– во печатена верзија во архивата на Фондот на адреса:
Бул. Гоце Делчев бб
зграда на МРТ, 20-ти кат
1000 Скопје
Достава до 16:00 часот 26.07.2016 година
– во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk.
Достава до 00:00 часот 01.08.2016 година
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти доставени на горенаведениот начин (во печатена и електронска верзија) и во дадениот рок.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |