Затворен трет јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА – КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ И „СПИН-ОФ

За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 450.000 (четиристотини и педесет илјади) евра, односно 27.762.750 (дваесет и седум милиони, седумстотинишеесет и две илјади и седумстотини и педесет) денари.

Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.

Средствата за инструментот ‒ кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија, од страна на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развоj.

Краен рок

Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат во печатена верзија во архивата на Фондот до 26.07.2016 година до 16:00 часот и во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mkдо 01.08.2016 година до 00:00 часот.

Подобност

Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (што не се постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани, кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација. 

Постапка при оценување и селекција

Оцената на проектите се состои од неколку чекори:

  • административна
  • проверка на предлог проектите (дали предлог проектот е комплетен и во согласност со условите наведени во јавниот повик);
  • фаза на претселекција;
  • фаза на селекција;
  • опционално: презентација на проектите (pitching)
    одлука за финансирање.

Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот на оценување и селекција, водејќи се според следните основни критериуми:

  1. Степен на иновативност
  2. Квалитет на проектот
  3. Капацитет на проектниот тим
  4. Пазарен потенцијал
  5. Влијание

    Табела за оценување
Начин на пријавување
  1. Ги повикуваме сите заинтересирани да поднесат уредно пополнети предлог проекти во печатена верзија во архивата на Фондот и електронски, преку системот на Фондот http://mis.fitr.mk. За време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе еден предлог проект по јавен повик. Апликацискиот пакет се состои од:

    1. Проектна документација:

    • Проектна апликација;
    • Буџет на проектот;
    • Финансиска проекција;
    • Изјава на подносителот на предлог проектот (за прифаќање на условите на Фондот); и
    • Прашалник за животната средина.

    2. Документација поврзана со апликантот:

    • Кратки биографии на главните лица ангажирани во проектот (најмногу за пет лица);
    • Извод од тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија, не постар од 6 месеци;
    • Финансиски извештаи за претходната година издадени од Централниот регистар на Република Македонија, освен за новоосновано претпријатие;
    • Финансиски извештаи за претходната и за тековната година, освен за новоосновано претпријатие.

    Проектната апликација, Буџетот на проектот и Финансиската проекција треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик. Кратките биографии на клучните луѓе на проектот треба да бидат на англиски јазик. Документацијата поврзана со апликантите треба да биде на македонски јазик.

    Пред пополнување на апликацијата, Ве молиме внимателно прочитајте го целосниот текст на повикот кој содржи детално објаснување на условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог проектите, и упатството за апликантот достапно на нашата веб страна http://mis.fitr.mk/ApplicantsManual_MK.pdf
    Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат
    – во печатена верзија во архивата на Фондот на адреса:

    Бул. Гоце Делчев бб
    зграда на МРТ, 20-ти кат
    1000 Скопје

    Достава до 16:00 часот 26.07.2016 година
    – во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk.
    Достава до 00:00 часот 01.08.2016 година

    За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти доставени на горенаведениот начин (во печатена и електронска верзија) и во дадениот рок.

ул. ГТЦ, локал 6, Д.Е. 220
1000 Скопје, Р. Северна Македонија
+ 389 (0) 2 314 5258
info@fitr.mk
Работно време: понеделник – петок
08:30 – 16:30 часот

Наша локација

Контактирајте не





Copyright 2019, All Right Reserved