Тимот на ФИТР во посета на Inno Fab Lab

Тимот на ФИТР беше на теренска посета на Inno Fab Lab, лабараторија која беше поддржана во рамките на предизвикот за воспоставување на лабаратории за производство „Fab Labs – Младите создаваат”.

Inno Fab Lab е место каде младите кои имаат иновативни идеи и техничко – технолошки аспирации, работејќи во тимови, да можат слободно да ја користат опремата во лабараторијата и да добијат менторска поддршка од стручни лица.

Опремена е со иновативна опрема, како: 3Д печатари, ЦНЦ машина за дрво, метал и пластика, лиција за рециклирање на пластика и преса за композитни материјали и др.

Лабараторијата досега има објавено два повика за млади на возраст од 15-29 години за учество во работата на првиот Inno Fab Lab, а веќе работи на објавување на следните повици за 2023 година.