На состанокот беа презентирани и активностите на Работната група за финтек-секторот во рамките на Народната банка, како воспоставувањето на т.н. Порта за иновации – платформа за комуникација на Народната банка со иновативната бизнис-заедница (финтек-секторот) и други релевантни институции. Како што беше посочено, досега, преку оваа платформа се доставени повеќе прашања за консултација и е изразен интерес од повеќе домашни и странски субјекти за вложување во финтек-секторот во земјава. Исто така, со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) спроведени се Анкета и Студија за остварливост за развојот на финтек-секторот во земјава, а извршено е и првото мапирање на финтек-екосистемот во земјава.
Инаку, неодамна ЕФСЕ ја посочи Народната банка како лидер во регионот во активностите за поддршка на развојот на финтек-секторот, а Република Северна Македонија како единствена земја во регионот чијашто централна банка го има мапирано финтек-екосистемот.
Дел од експертите на Работната група за финтек-секторот во Народната банка се вклучени и во работните групи за финансиски иновации формирани од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), со што нашата централна банка ги следи и учествува во оформувањето на најновите меѓународни согледувања и регулативи за финтек-секторот.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |