Менторство

Фондот ја препознава значајната улога на менторирањето кај претприемачите, преку кое имаат шанса да научат како да се справат со предизвиците во бизнисот, да развијат лидерски вештини и да го унапредат претприемачкиот дух. За активните корисници на ФИТР, обезбедуваме менторирање од домашни експерти.

На потенцијалните апликанти им овозможуваме техничка поддршка преку обуки и консултации. Целта на овие обуки е да се зајакнат капацитетите на корисниците, поединечните специфични потреби на секој корисник и затоа им овозможуваме индивидуален менторинг.

ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИ АПЛИКАНТИ

Ангажираните експерти преку овие обуки им помагаат на потенцијалните апликанти со особен осврт на следниве теми:

  • Помош за развој на бизнис идеја
  • Финансиска проекција и буџетирање
  • Идентификација на извори на финансирање
  • Идентификација на иновативен потенцијал на претпријатије и/или предлог идеја
  • Идентификација и формулација на “ниво на спремност на технологија“(technology readiness level)
  • “Споредба на технологии“ (technology benchmarking)
  • Истражување на потенцијал за заштита на право од индустриска сопственост
  • Анализа на конкуренција
  • Идентификација на потенцијални клиенти и сегментација на потенцијални клиенти (customer segmentation)
  • Дефинирање на активности во циклусот на истражување и развој
  • Дефинирање на структура на тим на проект
  • Анализа на ризици
  • Идентификација на потенцијални влијанија
  • Комуникациски и презентациски вештини

Со јавување на телефонскиот број 02 3145 258, може да се закаже консултативна средба.

МЕНТОРСКА ПОДДРШКА ЗА АКТИВНИ ФИТР КОРИСНИЦИ

Обуките се одвиваат во три фази:

  • Проценка на потреби на корисници
  • Групни обуки
  • Индивидуален менторинг

Менторските обуки се вршат на следните теми:

  • Имплементација на процес на откривање и валидација на купувачот/клиентот
  • Бизнис планирање
  • Маркетинг и стратегија за маркетинг
  • Стратегија за пристап до пазари т.е. Go-to-market стратегија
  • Пристап до финансии
  • Продажба и интернационализација
  • Оперативен менаџмент
  • Иновациски менаџмент (Интелектуална сопственост