Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста
Цели
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за развој и примена на иновативни решенија на претпријатија.
Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 20.000.000,00 денари (дваесет милиони денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
Критериум за подобност
Критериумите за подобност кои треба да ги исполнува апликантот:
- да биде трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
- против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
- да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
- против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
- да биде со доминантно македонска сопственичка структура (од 50,1% или повеќе)
- да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и условите од член 6 од Уредбата за условите и постапката за доделување на хоризонтална помош.