Консултативна работна средба за изработка на „Програма за јакнење на капацитетите на јавните институции за спроведување на Агендата на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт“

Во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, во Владата на Република Северна Македонија се одржа консултативна работна средба за изработка на „Програма за јакнење на капацитетите на јавните институции за спроведување на Агендата на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт“.

На консултативната средба присуствуваа 12 претставници од 7 јавни институции кои придонесуваат кон остварување на предвидените цели.

Преку спроведување на активностите на овој проект, Фондот за иновации и технолошки развој презема водечка улога во унапредување на националниот и регионалниот иновациски екосистем, со цел вклучување на националните чинители во заедничкиот европски пазар.

Настанот беше организиран во соработка со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, како дел од проектот “POLICY ANSWERS”, финансиран во рамки на програмата Хоризонт Европа, на Европската Комисија.