ДФИТР Фестим Халили се обрати денес на Бизнис Форумот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, во организација на Министерството за надворешни работи на Р.С. Македонија.
Во рамките на панелот „ИТ и развој на индустријата”, ДФИТР Халили истакна дека индустријата за информатичка технологија како најбрзо растечки сектор во македонската економија, истовремено учествува со најголем број на проекти во портфолиото на поддржани проекти од Фондот за иновации и технолошки развој, односно скоро 200 ко-финансирани проекти, во вредност од 24 милиони евра.
„Фактот што досега имаме поддржано преку 830 компании со заеднички инвестиции од скоро 100 милиони евра, го прави Фондот водечка владина институција за поддршка на микро, мали и средни иновативни компании. Навистина сум горд што можам да кажам дека имаме голем број на инспиративни и успешни претприемачки приказни, кои секојдневно ни покажуваат дека Република Северна Македонија има претпремачи кои имаат потенцијал и капацитет да создадат глобачен успех кои ќе претставуваат гордост за нашата нација. Како пример би ги посочил стартап компаниите кои ги имаме поддржано: „Виго Дигитал” која со Keep me Safe опцијата на велосипедска апликација – Bike Computer, има за цел да испраќа итни SMS пораки со локација при евентуална несреќа на велосипедист. Компанијата „Кодвел” која работи на полето на вештачка интелигенција стои зад „ Дона“ – првиот асистент за човечки ресурси базиран на вештачка интелигенција кој претставува целосно нов, иновативен и автоматизиран процес на менаџирање перформанси. Истата компанија го креираше и првиот АИ дигитален асистент за државна помош во регионот, кој ќе биде имплементиран во ФИТР и уште две државни институции во Р.Северна Македонија. Понатаму, компанијата Свифт Дата која со проектот Солар Дата Колектор е комбниација од хардверски и софтверски компоненти кој овозможува пресметување на енергијата што може да се произведе од фотоволтаични панели на дадена локација” истакна Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
„Бизнис Форумот Северна Македонија – Бугарија” претставува платформа на која двете страни имаат можност за дискусија, конкретна, конструктивна и ќе ги утврди чекорите коишто треба да се превземат за остварување поголем прогрес во наредните години.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |