ДФИТР Фестим Халили во официјална посета на Ерусалим

ДФИТР Фестим Халили во официјална посета на Ерусалим, каде на покана на повеќе иновациски и технолошки институции, беа презентирани најновите технолошки достигнувања во земјата, беа остварени контакти со експерти од областа на иновации и технологии и потенцијални можности ФИТР да се приклучи на научни проекти предводени од израелски и европски институции.
За време на посетата, ДФИТР Халили оствари средба со г-ѓа Марина Занчи, директорка на Европската Агенција HaDEA (Европска здравствена и дигитална извршна Агенција), која е одговорна за градење на дигитална Европа и создавање на конкурентна индустрија и со г-дин Дени Шекер, директор на израелската Агенција за дигитализација, индустрија и простор, кој има долгогодишно искуство во развојот на иновативни технологии.
Оваа мрежа на експерти од цела Европа ќе имаат можност партнерски да аплицираат за големи проекти на HORIZON EUROPE од кои придобивки ќе има екосистемот на бизнисот и академијата во нашата земја.