ФИТР продолжува интензивно да работи на нови можности на поддршка за компаниите со најголема иновативност и потенцијал за раст

Фондот денес беше домаќин на претставниците на Европската Комисија (Директорат за проширување) Роберто Естелес, Енрико Киоза и од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Елисабета Георгиева и Катерина Кус-Иванова Филкова.

ДФИТР Фестим Халили ги презентираше програмите на Фондот и можноста институцијата да се вклучи во имплементацијата на средствата од инструментот WBIF – Western Balkan Investment Framework, посебно во делот за поддршка и развој на мали и средни претпријатија, иновативност, итн.

Претставниците од Брисел дадоа осврт и на новите инструменти кои се во развој и Гарантните фондови кои ќе се спроведуваат преку комерцијалните банки во земјата.