Процес на селекција

Фаза на претселекција

Секој предлог- проект е евалуиран од страна на три домашни стручни лица од 22 области на експертиза.

Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликант и влијание на проектот.

Сите проекти кои ќе добијат просечна оценка од минимум 51 поен продолжуваат во следна фаза.

Стручни лица

Согласно Законот за иновациска дејност (,,Сл. Весник на РМ” бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16,190/16 и 64/18) Фонд за иновации и технолошки развој воспоставува и води електронски Регистар на стручни лица кои помагаат при евалуација и давање на стручно мислење. 

Линк до регистарот за стручни лица.

Фаза на селекција

Проектите ги разгледува Комитетот за одобрување инвестиции (КОИ) – независно тело составено од тим од пет странски експерти кое ќе ја донесе финалната одлука на кои проекти ќе им биде одобрена финансиска поддршка. На барање на КОИ некои компании се поканети и на пичинг.

За проектите кои ќе ги селектира Комитетот, пред донесување на конечната одлука,  тимот на ФИТР го контактира апликантот со цел да достави потребни документи за да се утврди подобноста на апликантот, подобноста на трошоците во буџет, и комплетноста на целосната документација. Потоа следува донесување на конечна одлука од страна на Комитетот.

Комитет за одобрување на инвестиции

Комитетот за одобрување на инвестиции го сочинуваат 5 членови, кои се избрани и именувани од Владата на Република Северна Македонија. Комитетот ги разгледува и ги одобрува предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот. Членовите на Комитетот се избираат од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност.

Марвин Лиао
Претседател на КОИ

Марвин Лиао бил извршен директор во „Yahoo!“ повеќе од една деценија. Тој е поранешен партнер на „500 Startups“ и Бизнис Ангел со над 19 години искуство во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи.

Марвин инвестирал во 500 стартапи од 2014 година, водејќи акселераторска програма во Сан Франциско, како и инвеститор во директни иницијални зделки. „500 Startups“ е една од најактивните фирми со ризичен капитал во светот, со мисија да ги открие и врати најталентираните претприемачи во светот, да им помогне да создадат успешни компании во обем и да градат просперитетни глобални екосистеми. „500 Startups“ поддржува стартапи преку нивните акселераторски програми за инвестирање насочени кон дигиталниот маркетинг, зголемување на корисничкото портфолио, олеснувачки стартап практики и прибирањето средства за компании пред нивниот зачеток.

Вибу Шарма

Д-р Вибху Шарма е искусен деловен стратег за иновации. Тој има повеќегодишно искуство во иновации, лансирање нови производи, поседува неколку патенти и е автор на книгата Спрингер, Њу Јорк.

Тој е исто така експерт во областа на циркуларна економија и дефинира технолошки циркуларни модели со помош на технологија. Имаше улоги во иновации и деловна стратегија во Сименс, СТМикроелектроника итн. Во Сименс, тој ја водеше Глобалната стратегија за регулирање на безбедни дигитални трансформации за индустријата 4.0. Вибху Шарма е магистер по деловна администрација на Универзитетот во Кембриџ, магистерски студии од универзитетот во Њу Јорк и доктор на науки од ”КУ Левен” во Белгија.

Ноел Грегор Петерсон Џоунс

Патерсон Џонс е член на Советодавниот одбор на „Коалицијата за зелен капитал“ (Coalition for Green Capital) што претставува збирка на суверени меѓународни зелени банки,  меѓународен член на Европскиот инвестицискиот стратешки фонд (European Strategic Fund for Investment- ESFI), специјален советник на Светска Банка за програмата за обврзници во Уганда, како и Кенискиот пензиски фонд. Патерсон Џонс исто така е специјален советник на извршниот директор на Фондот за капитален развој на Обединетите Нации во области кои опфаќаат поддршка на микро и мали претпријатија во најмалку развиените земји во Африка и Југоисточна Азија.  Претходно бил еден од главните менаџери и финансиски директор на Дилојт во Јужна Африка.

Патерсон Џонс е магистер по студии за менаџмент од Универзитетот Оксфорд, а има дипломирано математика и психологија на Универзитетот во Кејптаун, Јужна Африка.

Ашер Сидики

Ашер Сидики има над 20 години искуство во корпоративен развој, со реализирани зделки вредни околу 8 милијарди американски долари. Тој бил  дел од „500 Startups“ во САД но и дел од менаџерскиот тим кој ја водеше трансформацијата на „Етисалат“ во ОАЕ. Ашер својата кариера ја започнал како претприемач во Велика Британија и САД кон крајот на 90-тите.

Етисалат претставува светска водечка телекомуникациска група во земјите во развој, нудејќи услуги и решенија на повеќе од 141 милиони корисници во 15 земји од Блискиот исток, Азија и Африка. Рангиранa e како „The most valuable portfolio brand“ на Блискиот исток и Северна Африка (МЕНА) од страна на Brand Finance.

Гунтер Фелингер

Гунтер Фелингер од 2018 годна е генерален Секретар на CEE BC – Австрија. Последните 28 години, патува и придонесува за трансформација на бизнис секторот во Централна и Источна Европа и одлично ги познаваа економиите и предизвиците на младите претприемачи и нови бизниси во регионот. Гунтер по 11 години живеење во Албанија, Црна Гора и Косово, од 2016 година е позициониран во Киев.

Биографијата на Фелингер вбројува и работење во Business Europe и позиција на Генерален Секретар на SME Union од 2000 до 2004 година. Тој има учествувано во ралични ЕУ проекти како експерт за европска политика за мали и средни претпријатија, економски реформи и стратегија за пристапување кон ЕУ и локален развој на Албанија, Косово, Украина. Исто така, 4 години има работено на промоција на странски директни инвестиции во Албанија. Фелингер е Претседател на реформаторската политика на мрежата European Tax Reform и член на Управен Одбор на балканската мрежа Бенелукс за економска интеграција на Јужен Балкан.