Дополнително финансирање за корисници

Фондот за иновации и технолошки развој и Стопанска Банка АД Скопје потпишаа Меморандумот за соработка кој има за цел олеснет пристап до финансирање за стартап компании но и за сите микро, мали и средни претпријатија.

Пакетот на банката нуди основна и наменска трансакциска сметка за вршење плаќања во домашниот платен промет без надомест за отвaрање на сметка, дозволено пречекорување на денарска сметка со минимална провизија за одобрување, пристап на Е-banking и М-banking сервиси и повластени провизии за трансакции преку Е-banking сервисот до 70% пониски од оние на шалтер, VISA бизнис картичка без надомест за годишна членарина за првата година од користењето. Дополнително и кредитни линии, краткорочни и среднорочни кредити за финансирање на обртен капитал, долгорочни кредити за финансирање на инвестиции со промотивни услови како и дедициран советник за бизнис клиенти.

Повеќе информации за пакетот.

Контакт лице: Г-дин Дејан Крстевски

E-mail: dejan.krstevski@stb.com.mk

Тел: +38970349508

 

ФИТР и Шпаркасе Банка Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи поголема промоција и достапност до „Чекор по чекор“ програмата, со која домашните стартапи ќе можат да добијат различни пакети за финансиска, едукативна и менторска поддршка.

Преку програмата „Чекор по чекор“, стартапите кои ќе аплицираат за кофинансирани грантови на јавните повици на ФИТР, ќе имаат можност да го обезбедат сопственото учество по поповолни услови. Компаниите кои работат не повеќе од 12 месеци ќе можат да обезбедат кредит до 10.000 евра, додека стартапите кои постојат до 3 години ќе можат да добијат кредит во максимален износ од 25.000 евра. На корисниците на кои ќе им биде одобрен кредит, ќе им биде доделен ментор врз основа на нивните потреби и кој во период од една година ќе ги советува за развојот на нивното работење.

Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор

Контакт лице: Владимир Кечовски

E-mail: vladimir.kecovski@sparkasse.mk

Tел: +38978495824

Фондот за иновации и технолошки развој и УНИБанка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите ќе бидат обезбедени за старт-ап компании.

Од соработката,  бенефит ќе имаат компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои банката би обезбедила дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни услови од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.

Пакетот „УНИ Иновација” вклучува: 6 месеци без надомест електронско банкарство со уникатни бизнис Е-пакети, наменска сметка  без надомест за одржување за првите 6 месеци, услуга „Мој Банкар” без надомест, како и маркетинг поддршка преку канали на банката. Имено, за сите корисници преку овој пакет, ќе бидат обезбедени бесплатни промотивни активности.

Повеќе информации за бизнис пакетот  на следниот линк:  https://unibank.mk/mk/news/60aca2e2131ccb00179d46be

Контакт:

Е-mail: uniinovacija@unibank.com.mk

Тел:  02/ 3 204 323 или  02/ 3 111 111

ФИТР и НЛБ Банка потпишаа Меморандум за соработка, чија главна цел е олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни претпријатија, вклучувајќи ги и старт-ап компаниите. Имено на компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, преку различни кредитни продукти, банката ќе им обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поволни кредитни линии.

Повеќе информации за пакетот услуги

 
 
 
 
Експозитура
Кредитирање правни лица
Контакт број
Email
Ск-Дирекција
Виктор Мургоски
075/495-852
Ск-Дирекција
Гордан Ѓурчиновски
075/953-555
Ск-Карпош 3
Александар Трајковски
078/215-096
Ск-Карпош 3
Михаил Огненовски
078/495-851
Ск-Дирекција
Марко Данилов
070/317-836
Ск-Чаир
Владимир Тодоровски
078/752-850
Ск-Чаир
Милош Јаќимовиќ
075/345-540
Ск-Ново Лисиче
Кристијан Неделкоски
075/328-402
Ск-Ново Лисиче
Иван Тренески
071/219-966
Ск-Илинден
Кристијан Василевски
075/477-323
Ск-Автокоманда
Андреј Илиевски
075/416-506
Куманово
Бојана Тушевска
071/308-222
Струмица
Миле Коцев
078/321-383
Прилеп
Сашко Антовски
077/535-500
Прилеп
Mенде Филипоски
071/381-638
Битола
Петар Петров
078/495-843
Битола
Дијана Стошиќ
075/296-454
Гевгелија
Марија Урдинова
078/495-849
Штип
Александар Величков
078/495-857
Велес
Дејан Стефанов
078/495-842
Кочани
Горанчо Илиевски
078/495-840
Радовиш
Миланчо Гинов
078/495-850
Неготино
Илија Мојсов
072/208-603
Охрид
Димитар Голабоски
078/212-543
Кичево
Христијан Костевски
045/224-463
Тетово
Анита Симовски
078/495-846
Гостивар
Ардит Шаќири
078/495-848

 

ФИТР и Силк Роуд Банка АД Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании. Банката преку пакетот на производи „Bizz Up“, креиран со поддршка од Европската унија и Европскиот Инвестициски Фонд прекугарантната шема EaSI, овозможува финансирање на микро и мали претпријатија, компании во фаза на развој и стартап компании. На компаниите на располагање им стојат различни производи и услуги, како дозволено пречекорување на сметка, кредити за обртни средства и инвестициски кредити, со привилегирани пониски каматни стапки од редовните.

Повеќе информации за пакетот.

Контакт лице: Љиљана Андонов

E-mail: landonov@silkroadbank.com.mk

Тел: 02/3289 553

 

Фондот за иновации и технолошки развој и ПроКредит Банка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка со која микро, малите и средните претпријатија ќе добијат олеснет пристап до финансиски средства. Преку новиот пакет на банката најголем број услуги ќе бидат обезбедени за стартап компаниите.

Главната придобивка е за компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои банката ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни каматни стапки од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.

Повеќе информации за пакетот

Контакт лице: Биљана Мишиќ

E-mail: biljana.tasevska@procredit-group.com

Тел: +38971373671