Јавен повик за доделување на финансиски средства преку Иновациски ваучери

Согласно член 13 од Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери бр.01-741/5 од 25.02.2020 Фондот за иновации и технолошки развој известува дека средствата од буџетот определени со јавниот повик се исцрпени и истиот  се затвора.

Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени јавно на веб страната на ФИТР по завршување на формалните процедури согласно Правилникот.

Сите апликанти ќе бидат известени за резултатот на нивната апликација по електронска пошта.

Врз основа на член 11 и член 12 од Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери бр.01-741/5 од 25.02.2020 година, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 01.10.2020 година, објавува Jaвен повик за доделување на финансиски средства преку Иновациски ваучери

Целта на Иновациските ваучери е да се поттикне соработката помеѓу претпријатијата и академските и научно-истражувачките установи во насока на спроведување иновациски активности, со што претпријатијата ќе ја зголемат својата конкурентност.

 Иновациските ваучери овозможуваат директен финансиски поттик кој претпријатијата го користат да покријат дел од трошоците за услугите кои ги нудат академските и научно-истажувачките институции, на тој начин ќе се интензивира обемот и динамиката на развојот на производите и услугите како и нивниот пласман на пазарот.

Вкупниот буџет за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери за овој јавен повик изнесува 15.000.000 мкд.

Иновациските ваучери можат да се искористат за покривање до 80% (осумдесет проценти) од вкупните трошоци на научно-истражувачките услуги, во максимален  износ од 500.000 (петстотини илјади) денари (МКД), без данок на додадена вредност (ДДВ). Претпријатијата имаат обврска да го ко-финансираат преостанатиот износ од вкупните трошоци на услугите.

Претпријатието – апликант може да добие најмногу 2 (два) Иновациски ваучери во максимален износ од 1.000.000 (еден милион) денари во рок од 5 (пет) календарски години, при што двата Иновациски ваучери не можат да бидат доделени на ист јавен повик. 

Износот на средства доделени преку Иновациските ваучери не смее да биде во спротивност или да ги нарушува  правилата за доделување на државна помош од мало значење (de minimis – дефинирани во Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење).

Критериумите за подобност кои апликантот треба да ги исполни се:

  • да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно Законот за трговски друштва;
  • да е микро, малo или среднo претпријатие;
  • да е во мнозинска македонска сопственост (50,1% или повеќе);
  • да не е поврзан со друго претпријатие каде што збирните годишни приходи надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра во претходните две фискални години и збирниот број на вработени надминува 250;
  • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • да нема акумулирано повеќе од 200.000 (двеста илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
  • да нема аклумулирано повеќе од 100.000 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
  • да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието).

При доделување на Иновациските ваучери не се дава предност на нивото на иновативност на претпријатијата апликанти ниту на некој специфичен индустриски сектор, освен ако не е поинаку определено во јавниот повик.

Подобни за финансирање се активности во сите дејности освен:

  • производствени, трговски или услужни дејности кои не се во согласност со закон;
  • производство и трговија со тутун, дестилирани алкохолни пијалоци и сродни производи (пијалаци кои содржат алкохол, но не се добиени исклучиво со дестилација, туку за нивно производство може да се користи и природно дестилиран алкохол (добиен од различно, но природно потекло) со давање на различни растителни или други производи, при што преку мецерација, купажа (мешање), ароматизирање, боење, стареење и слично се добиваат различни алкохолни пијалаци во кои содржина на етил алкохол најчесто е повисока од 15%, а во нив може да бидат вклучени различни видови на ликери и коктели и слично);
  • производство и трговија со оружје и муниција од било кој вид;
  • казина и други правни лица за организирање игри на среќа и други забавни игри;
  • истражување, развој или технички барања кои се однесуваат на електронски податоци, програми или решенија, кои сe однесуваат на:
    1.поддршка на која било активност која се вбројува во горенаведените сектори од алинеите 2,3 и 4 на овој член;
    2. интернет коцкање и онлајн казина и/или
    3. Порнографија.
  • природно – научни истражувања, развој или технички апликации кои се однесуваат на човечкото клонирање за истражување или за терапевтски цели; и/или за генетски модифицирани организми (ГМО);
  • производство на јаглен.

Субјекти подобни да бидат добавувачи на услуги се: јавни универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети); Македонската академија за науки и уметности; самостојни јавни високообразовни установи; приватно-јавни непрофитни високообразовни установи, јавни научни установи и мешовити научни установи основани согласно Закон за високото образование, Закон за научно-истражувачката дејност, Закон за Македонската академија на науките и уметностите како и трговски друштва регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно Закон за трговските друштва кои се во доминантна сопственост на јавни високообразовни установи (50,1% или повеќе).

Иновациските ваучери можат да се користат за пренос на научни, технолошки или иновaциски знаења кои се нови за претпријатијата или за решавање на некој технички/технолошки проблем кој ќе биде идентификуван од компанијата.

Финансиските средства може да се добијат за следните услуги:

  • Развој на нови или подобрување (во однос на функцијата и квалитетот) на постоечки производи, процеси или услуги;
  • Доказ на концепт (proof of concept);
  • Студија за изводливост (feasibility study);
  • Техничка спецификација;
  • Производство на лабораториски прототипови;
  • Изработка на демонстрациони прототипови;
  • Различни видови на испитувања (во лабораторија, производствен погон);
  • Валидација на технологија;
  • Валидација на нови или подобрени производи, процеси или услуги;
  • Советодавни деловни услуги поврзани со иновациска дејност (управување со иновациски циклус, права од интелектуална сопственост и слично). За овие потреби, може да се користи до 50% од вредноста на ваучерот;
  • Развој и воведување на посебен софтвер за производ или процес (во рамките на развојот на производот);
  • Специфични обуки во врска со развојот на технолошки решенија. За овие потреби, може да се користи до 20% од вредноста на ваучерот.

Трошоци неприодобни за финансирање по Иновациските ваучери се:

  • Отплата на камата или долг на друга страна;
  • Трошоци и провизии за минати или можни идни загуби или долгови;
  • Покривање на загуби поради размена на валута, такси и казни;
  • Трошоци за забава и угостителство;
  • Трошоци за регрутирање на кадар (трошоци за објавување на оглас, провизии од агенции за вработување, трошоци поврзани селекција на кандидати и слично) и трошоци за преселба;
  • Купување на земја или згради, вклучувајќи и реновирање;
  • Извозни активности (трошоци директно поврзани со извоз на производи, со основање и работење на мрежа за дистрибуција и слично или за други тековни трошоци на апликантот поврзани со извозни активности);
  • Годишни такси за оддржување на патент (со исклучок на добро оправдани случаи проценети како дозволен трошок при евалуација на предлог проектите);
  • Трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на сопственик/иците на претпријатието – корисник;
  • Наем на деловен простор;
  • Трошоци за набавка на опрема.

ДДВ е трошок кој не е подобен за финанисирање и истот не се пресметува во вкупниот износ од член 3 на овој Правилник. Претпријатието – корисник треба дополнително да го покрие трошокот за ДДВ доколку е тоа применливо и за истиот трошок може да добие поврат согласно важечката законска регулатива.

Tрошоците за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори не се подобни за финансирање.

Трошоци неприодобни за финансирање по Иновациските ваучери се:

  • Отплата на камата или долг на друга страна;
  • Трошоци и провизии за минати или можни идни загуби или долгови;
  • Покривање на загуби поради размена на валута, такси и казни;
  • Трошоци за забава и угостителство;
  • Трошоци за регрутирање на кадар (трошоци за објавување на оглас, провизии од агенции за вработување, трошоци поврзани селекција на кандидати и слично) и трошоци за преселба;
  • Купување на земја или згради, вклучувајќи и реновирање;
  • Извозни активности (трошоци директно поврзани со извоз на производи, со основање и работење на мрежа за дистрибуција и слично или за други тековни трошоци на апликантот поврзани со извозни активности);
  • Годишни такси за оддржување на патент (со исклучок на добро оправдани случаи проценети како дозволен трошок при евалуација на предлог проектите);
  • Трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на сопственик/иците на претпријатието – корисник;
  • Наем на деловен простор;
  • Трошоци за набавка на опрема.

ДДВ е трошок кој не е подобен за финанисирање и истот не се пресметува во вкупниот износ од член 3 на овој Правилник. Претпријатието – корисник треба дополнително да го покрие трошокот за ДДВ доколку е тоа применливо и за истиот трошок може да добие поврат согласно важечката законска регулатива.

Tрошоците за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори не се подобни за финансирање.

За да аплицира за финансиски средства доделени преку Иновациски ваучер претпријатието – апликант треба да поднесе:

  • Апликација за Иновациски ваучер, пополнета, потпишана и печатирана во образец определен од страна на Фондот, скенирана во PDF формат;
  • Тековна состојба за претпријатието – апликант издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци од денот на доставување на апликацијата; и
  • Финансиска понуда/и од страна на добавувачот/ите на услуги, потпишана, печатирана и скенирана во PDF формат која мора да содржи:
    1. Спецификација на услугата според потребата наведена во Апликацијата за Иновациски ваучер;
    2. Назив на добавувачот на услуга/и и лице за контакт одговорно за бараната услуга;
    3. Финансиска понуда за услуги со данок на додадена вредност (ДДВ) изразени како посебен трошок, доколку е применливо;
    4. Рок на завршување на бараната услуга;
    5. Валидност на понудата (минимум 60 дена).

Во една Апликација, претпријатието – апликант може да вклучи максимум три добавувачи на услуги.

Претпријатието – апликант може да добие најмногу 2 (два) Иновациски ваучери во максимален износ од 1.000.000 (еден милион) денари во рок од 5 (пет) календарски години, при што двата Иновациски ваучери не можат да бидат доделени на ист јавен повик. 

За да аплицира за финансиски средства доделени преку Иновациски ваучер претпријатието – апликант треба да ги поднесе поднесе наведените документи преку апликационата форма.

За финансирање ќе бидат разгледувани само оние апликации кои се  доставени на горенаведениот начин.

Рокот за аплицирање по објавен јавен повик ќе трае сѐ додека средствата од буџетот определени со јавниот повик не бидат исцрпени.

Доделувањето на средства преку Иновациските ваучери се врши според редоследот на пристигнувањето на апликациите, односно комплетирање на апликациите, почнувајќи од датумот на објавувањето на јавниот повик, односно се додека средствата од буџетот на повикот определени со јавниот повик не бидат потрошени, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

            Затворањето на рокот за аплицирање ќе биде објавен јавно, на интернет страницата на Фондот на денот на носење на Одлуката за доделување средства.

По одобрувањето на Известувањето за реализација на Иновациски ваучер од страна на Комисијата, Фондот прави исплата во износ согласно член 3 Правилникот и согласно потпишаниот Договор за доделување средства помеѓу Фондот и претпријатието – корисник, директно на банкарската сметка на добавувачот/ите на услугите.

Претпријатието – корисник има обврска да го исплати преостанатиот износ од трошоците на услугата, вклучително и вкупниот износ на ДДВ на банкарската сметка на добавувачот/ите на услугите.

Претпријатието – корисник има обврска да достави до Фондот доказ за исплатениот преостанат износ кон добавувачот на услугите во вид на извод од банкарска сметка.

За сите дополнителни информации можете:

  • да ни пишете на електронската адреса: inovaciski_vaucheri@fitr.mk
  • да се јавите на телефонскиот број  389 (0) 23145258
  • за повеќе информации да не следите на страната на ФИТР fitr.com