Врз основа на Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата oд 20.01.2020 година, арх.бр. 01-514/17, Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година, арх.број 01-797/6, и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година, арх.број 01-1662/5, Фондот за иновации и технолошки развој на 20.09.2022 година објавува
Јавен повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта “Предизвик за млади истражувачи 5 – ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ”
Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за осознавање на светот на начин кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе можеме да израснеме генерации кои ќе го унапредат начинот на кој размислуваме, начинот на кој ги практикуваме секојдневните активности и меѓусебно комуницираме.
Зачувувањето и унапредувањето на животната средина е еден од основните приоритети како на глобално ниво, така и на национално ниво, а воедно и една од темите кои се најчесто застапени во досегашните истражувачки проекти.
Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Ве повикува да учествувате на новиот „Предизвик за млади истражувачи 5 – ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ“.
Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Резултатите од истражувачкиот проект треба да бидат применливи во зачувување и унапредување на животната средина и биoдиверзитетот.
Времетраењето на истражувачкиот проект не треба да надминува 12 (дванаесет) месеци.
Предложените истражувачки проекти треба да бидат комплементарни на наставните програми и да соодветствуваат со когнитивните способности на возрасната група.
Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се на пример истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудио-визуелен материјал, дигитален материјал и слично. Посебно се охрабруваат проекти чии резултати ќе продуцираат дигитален материјал кој може да биде користен за реплицирање на слични проекти од страна на останатите училишта.
Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 3.000.000 (три милиони) денари.
Ќе бидат доделени награди во две категории:
Буџетот на поединечен предлог проект може да биде минимум 100.000 (сто илјади) денари и не може да надминува 200.000 (двесте илјади) денари.
Средствата ќе бидат исплатени авансно, во две рати и тоа, првата рата во износ од половина од вкупниот буџет на проектот ќе биде исплатена по потпишување на Договорот за доделување на награда, втората рата ќе биде исплатена согласно динамиката на трошење на средствата откако ќе бидат потрошени минимум 80% од првата исплата.
Опремата набавена со средствата доделени за спроведување на проектот ќе остане во сопственост на училиштата добитници на наградите.
Наставниците и наставничките кои ќе ги предводат наградените тимови за успешно спроведениот проект ќе добијат и награда во износ од 30.000 (триесет илјади) денари по наставничка/наставник, средства кои ќе можа да ги искористат за набавка на персонален компјутер, таблет или друг тип на дигитална опрема. Средствата од наградата може да се искористат во рок од 1 (една) година од нивното примање.
Фондот го задржува правото да не ги додели сите награди доколу нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно Правилата.
Повикот се однесува на сите основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија и за сите креативни ученички и ученици со желба да истражуваат во насока на зачувување и унапредување на животната средина.
Натпреварувачот треба да биде основно или средно училиште кое е:
Секој натпреварувач треба да се пријави со натпреварувачки тим кој се состои од:
Преку овој повик, Фондот за иновации и технолошки развој сака да потенцира дека секое дете и млад човек има способности да се вклучи во процес на истражувачки активности. За да го поттикнеме размислувањето во насока на негување и примена на овие способности охрабруваме проекти кои:
Активностите предвидени во предлог проектот треба да соодветствуваат на активностите на истражување и развој, односно предлог проектот треба да вклучува активности кои ќе ја тестираат дефинираната хипотеза по пат на експеримент и набљудување.
Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Трошоци подобни за финансирање се:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот се подобни за финансирање.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
При формулирањето на предлог проектите, како и при нивното спроведување натпреварувачите и добитниците на наградите треба да се придржуваат до основните етички принципи на истражувачката работа и тоа:
Оценувањето, селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор на добитници на наградите, се врши од страна на Комисија за оценување и избор.
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
Секој предлог-проект се оценува од Комисија за оценување и избор, од најмалку 5 (пет) члена која вклучува:
Секој предлог проект ќе биде оценуван по следните критериуми:
Критериум | Вредност |
1. Усогласеност на предлог проектот со целите на јавниот повик Најмногу поени под овој криетриум ќе добијат оние предлог-проекти кои ќе понудат оригинални идеи за истражувачки проeкти кои се комплементарни со наставните програми но не се дел од стандардната наставна содржина. Најмногу поени ќе добијат и оние предлог-проекти кои активно ги вклучуваат членовите на тимот во генерирање на научно знаење. Предност ќе имаат проекти со интердисциплинарен карактер. | 25% |
2. Капацитет на проектниот тим Најмногу поени под овој критериум ќе добијат натпреварувачите чиј пректен тим вклучува членови со различни мотиви, вештини и способности соодветни на активностите предвидени во предлог проектот како и инклузивни тимови. | 25% |
3. Квалитет на предлог-проектот Најмногу поени под овој критериум ќе добијат оние предлог-проекти кои јасно и соодветно ги имаат дефинирано хипотезата, фазите на истражување и развој и очекуваните резултати. | 25% |
4. Применливост на резултатите од истражувањето и дисеминација Најмногу поени под овој критериум ќе добијат натпреварувачите чии предлог-проекти водат кон резултати кои имаат потенцијал за практична примена во зачувувањето и унапредувањето на животната средина. Најмногу поени ќе добијат и оние проекти кои предвидуваат активности за промоција на резултатите од проектот во насока на мултипликација на искуствениот научно-истражувачки процес и стекнатото знаење како и проектите кои ќе резултираат со дигитален материјал кој може да биде користен за реплицирање на слични проекти од страна на останатите училишта. | 20% |
Предлог проектот е поднесен од училиште кое не е/било корисник на награда во рамки на претходните повици под Предизвик за млади истражувачи | 5% |
Вкупно | 100% |
За да се пријави на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи секој натпреварувач треба да:
Образецот на Проектната апликација е достапен и може да се превземе од интернет страницата на Фондот преку копчето „ПРЕЗЕМИ ДОКУМЕНТАЦИЈА“.
Поднесувањето на Проекнтата апликација се врши со пополнување на основни податоци и прикачување на Проектната апликација преку копчето „АПЛИЦИРАЈ“.
Фондот го задржува првото од натпреварувачот да побара и дополнителна документација во сите фази на постапката. Натпреварувачот е должен побараната документација да ја достави во рок определен од страна на Фондот.
Пријавувањето на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи трае до 02.11.2022 година заклучно со 14:00 часот.
За доделување награди ќе бидат земени предвид само оние предлог – проекти кои се пополнети во обрасците определени за овој предизвик од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата.
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог-проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани. Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот и на социјалните медиуми.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |