Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и Правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф донесен на 13.04.2021год., Фондот за иновации и технолошки развој на ден 10.05.2023 година, објавува Јавен конкурс за поднесување на предлог – проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“.
Да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.
Да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или тим кој се состои од најмногу 5 (пет) членови – физички лица;
Во случај кога како апликант се јавува трговско друштво, истото треба да ги исполнува следните критериуми за подобност:
Во случај кога како Апликант се јавува тим и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот, кое трговско друштво ќе ги преземе сите права и обврски во однос на спроведување на Проектот и кое ќе ги исполнува критериумите за подобност од овој член.
Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка:
– до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно
– до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.
Преостанатиот износ од 10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проект треба да биде обезбеден од страна на апликантот.
Времетраењето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
За финансирање проекти под овој конкурс обезбеден е вкупен буџет за јавниот конкурс од 2.000.000 (два милиони) евра во денарска противвредност.
Критериумите и подкритериумите за евалуација на проектите се наведени во образецот – Табела за евалуација
Сите обрасци за аплицирање може да ги превземете со клик на копчето “Преземи документација”
При аплицирање доставувате:
Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат доставени на македонски и на англиски јазик (во PDF и ексел формат) и да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето “Аплицирај”.
Останатата документација поврзана со апликантите треба да биде доставена само на македонски јазик.
За сите дополнителни информации можете:
Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот како и на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).
Да, за реализација на проектот можете да ангажирате надворешни лица, физички и/или правни, од земјата и од странство.
Буџетот на проектот го пополнувате само во оние ставки каде предвидувате трошоци за реализација на проектот. Не е задолжително сите ставки да бидат пополнети.
Сопственото учество може да биде обезбедено преку кредит од комерцијалите банки . Само средствата добиени од Фондот по било кој друг основ или било која друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од страна на апликантот.
Согласно правилникот на овој повик може да аплицира проектен тим, што значи минимум два (2) а најмногу пет (5) члена – физички лица. Доколку проектниот тим биде избран за ко-финансирање, ќе има рок од 30 дена да го основа друштвото со сопственичка структура од најмалку 51% од проектниот тим.
Секако дека може, меѓутоа внимавајте на процентот на ангажираност на лицата, како и тоа дали ист тим и самото претпријатие ќе имаат капацитет да реализира во исто време повеќе проекти.
„Потврден концепт“ е спроведување на конкретен метод или идеа со цел да се прикаже неговата одржливост или да се докаже дека тој има потенцијал за практична примена. Нивото на развој на концептот е различен за секоја индустрија односно одделен проект може да биде демонстриран на различен начин.
Корисникот на ко-финансиран грант не е задолжително да го обезбеди во целост својот дел пред почетокот на реализацијата на проектот. Согласно текстот на повикот и правилникот за инструментот, средствата се исплаќаат на квартална основа, во согласност со одобрениот буџет на проектот авансно за секој квартал. Апликантот го уплаќа сопственото ко-финансирање 10% односно 15% од сумата предвидена за кварталот, по што се исплаќаат и средствата од ФИТР од одобрениот буџет за кварталот.
Понудите не е неопходно да се достават во процесот на аплицирање.
Канцелариска и деловна поддршка во која спаѓа и наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административни трошоци во максимален износ од 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет на проектот се сметаат за прифатлив трошок.
Не може да се изнајмува деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со корисникот.
На повикот може да учествува компанија која е веќе е финансиски поддржана во рамките на друг повик на Фондот доколку ги исполнува сите критериуми за подобност, но предлог проектот мора да биде различен од оној за кој веќе добила грант за ко-финансирање.
Доколку лицата кои ќе бидат ангажирани на проектот се веќе вработени во компанијата, може да ги вклучите во проектниот буџет во ставката плати.
Со оглед на тоа дека капацитетот на проектниот тим е еден од критериумите при оценување на апликацијата, членот на проектиот тим ќе мора да биде заменет со лице со минимум исти или подобри квалификации при што ќе треба да се достави барање за промена до мониторинг тимот на ФИТР, кое ќе го проследи на одобрување од страна на Комитетот за одобрување на инвастиции.
Секоја промена на проектната апликација и буџетот на проектот (промени во планот на активности, клучните луѓе на проектот, пренамена на средства во износ повисок од 15% (петнаесет проценти) помеѓу буџетските ставки од вкупниот буџет на проектот, итн.) треба да биде претходно одобрено од страна на Комитетот врз основа на барање поднесено од страна на Корисникот со прилог ревидиран буџет на проектот.
Да, може, доколку друштвото е основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централен регистар.
Финасиските средствата од овој повик се неповратни.
Да, лицата може да бидат вработени на цело или на пола работно време, на определено или на неопределено.
Проектен тим од две лица, кои се вработени во друга компанија, може да аплицираат за финансиска поддршка по овој инструмент. Во случај кога како Апликант се јавува тим чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот. Значи имаат обврска да влезат во сопственичка структура на новооснованото трговско друштво, но не е задолжително да бидат вработени во него.
Не, проектниот тим треба да биде составен од најмалку едва (2) а најмногу пет (5) физички лица.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |