Јавен конкурс за инструмент за поддршка по редовна постапка: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации

Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и член 14 од Правилникот за инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации, бр.01-2572/5 од 19.07.2021 година, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 04.10.2022 година, објавува Јавен конкурс за финансирање под инструментот за поддршка “Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“.

Целта на инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.

Инструментот е наменет за претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Инструментот нуди финансиска поддршка на претпријатија регистрирани во Република Северна Македонија со цел да развијат и имплементираат иновативни решенија, вклучувајќи поддршка за претпријатија со висок потенцијал за раст.

Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до прет-комерцијална (прет-пазарна) фаза

Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари и тоа:

  • за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 (педесет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект односно
  • за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 (педесет) до 250 (двестотини и педесет) и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.

Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2021 и 2020 година.

 

  • да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • просечниот број на вработени согласно финансиските извештаи за претходните две години да не надминува 250 вработени;
  • да не е поврзан (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие чии годишни приходи надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра и просечниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа;
  • апликанти со над 3 (три) години на постоење до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години, согласно член 14 став 1 алинеја 5 од Правилникот и одредбите од Јавниот конкурс. Со оглед на економската криза во 2020-та година предизвикана од Ковид19 пандемијата, како година која ќе се смета за меродавна за проверка на остварената загуба е само 2021 година.
  • апликантот, до моментот на аплицирање на јавниот повик, да нема тековен (активен) проект кој е финансиски поддржан од страна на Фондот по основ на некој од инструментите за поддршка;
  • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и условите од член 6 од Уредбата за условите и постапката за доделување на хоризонтална помош.

 

Во случај на предлог проекти поднесени од страна на конзорциум, предлог проектот во име на конзорциумот го поднесува водечки апликант. Членови на конзорциумот можат да бидат: претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и од странство.

 

Секој член на конзорциумот треба да ги исполнува следниве критериуми:

  • годишните приходи да не надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра, според финансиските извештаи за претходните две фискални години, освен во случај членот на конзорциум да е високообразовна, односно научноистражувачка установа;
  • просечниот број на вработени согласно финансиските извештаи за претходните две години да не надминува 250 вработени, освен во случај членот на конзорциум да е високообразовна, односно научноистражувачка установа;
  • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања; да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и условите од член 6 од Уредбата за условите и постапката за доделување на хоризонтална помош.

 

 

  • активности за истражување и развој;
  • активности за тестирање;
  • активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост;
  • дизајн;
  • развој на пилот линии;
  • активности поврзани со обезбедување квалитет;
  • активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот)
  • производствени, трговски или услужни дејности кои не се во согласност со закон;
  • производство и трговија со тутун, дестилирани алкохолни пијалоци и сродни производи (пијалоци кои содржат алкохол, но не се добиени исклучиво со дестилација, туку за нивно производство може да се користи и природно дестилиран алкохол (добиен од различно, но природно потекло) со давање на различни растителни или други производи, при што преку мецерација, купажа (мешање), ароматизирање, боење, стареење и слично се добиваат различни алкохолни пијалаци во кои содржина на етил алкохол најчесто е повисока од 15%, а во нив може да бидат вклучени различни видови на ликери и коктели и слично);
  • производство и трговија со оружје и муниција од било кој вид;
  • казина и други правни лица за организирање игри на среќа и други забавни игри;
  • истражување, развој или технички барања кои се однесуваат на електронски податоци, програми или решенија, кои сe однесуваат на:
    а) поддршка на која било активност која се вбројува во горенаведените сектори од алинеите 2,3 и 4 на овој член;
    б) интернет коцкање и онлајн казина и/или
    в) порнографија;
  • природно – научни истражувања, развој или технички апликации кои се однесуваат на човечкото клонирање за истражување или за терапевтски цели; и/или за генетски модифицирани организми (ГМО).
  • бруто плати за вработените лица кај апликантот и членовите на конзорциумот кои ќе бидат ангажирани на проектот. Износите на бруто плати на вработените ангажирани на проектот треба да соодветствуваат на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата; набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
  • поддоговорнии услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
  • ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
  • ангажирање на консултанти за останати потреби дирекно поврзани со очекуваните резултати на проектот (експертиза поврзана со иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
  • подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн;
  • трошоци за маркетинг;
  • канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административна помош) во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.

Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот буџет на проектот и правилата и процедурите на Фондот се подобни за финансирање.

  • додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи;
  • трошоци за набавка на добра, услуги и работи од домашни јавни претпријатија;
  • отплата на камата или долг на друга страна;
  • расходи и резервирања за минати и можни идни загуби или долгови;
  • курсни загуби и казни;
  • трошоци за забава и угостителство;
  • трошоци за регрутирање на кадар (трошоци за објавување на оглас, провизии од агенции за вработување, трошоци поврзани селекција на кандидати и слично) и трошоци за преселба;
  • купување на земја или згради, вклучувајќи и реновирање;
  • готовинскa исплата од наменската сметка на проектот;
  • годишни такси за оддржување на патент (со исклучок на добро оправдани случаи проценети како дозволен трошок при евалуација на предлог проектите);
  • трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на сопственик/иците на корисникот/членот на конзорциум;
  • трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на лица кои се вработени кај Корисникот/членот на конзорциум;
  • наем на деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со корисникот/членот на конзорциум;
  • набавка на товарни транспортни возила од страна на претпријатија кои вршат товарен патен транспорт за наем или надоместок;
  • набавка на патнички возила (со исклучок на добро оправдани случаи проценети како дозволен трошок при евалуација на предлог проектите);
  • трошоци за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори;
  • трошоци за набавка на половна опрема и
  • данок на додадена вредност (ДДВ) за сите набавки од став 1 од член 12 од Правилникот за инструментот за поддршка Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации.
  • степен на иновативност;
  • квалитет на проектот;
  • капацитет на проектниот тим;
  • потенцијал на пазарот;
  • влијание.

Критериумите и подкритериумите за евалуација на проектите се наведени во образецот -Табела за евалуација.

Секое плаќање на ројалти се врши по стапка од 5% од годишниот приход на корисникот остварен со продажба на производот / услугата кои се резултат на проектот, до остварување на поврат на 100% (сто проценти) од износот исплатен од страна на Фондот или за период од пет години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

Во случај доколку за времетраењето на проектот, а сѐ до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститор кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти. Како доказ за направената инвестиција ќе се смета договор, тековна состојба и доказ за направена уплата на инвестицијата.

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 (дваесет и четири) месеци.

За финансирање проекти под овој конкурс за овој Инструмент обезбеден е вкупен буџет од 9.000.000.00 (девет милиони) евра во денарска противвредност.

 

Сите обрасци за аплицирање можете да ги преземете на “Превземи апликација”.

Уредно да се пополнат, потпишат и печатираат:

  • уредно пополнет образец за проектна апликација;
  • уредно пополнет образец за буџет на проектот;
  • изјава на Апликантот за прифаќање на условите на Фондот;
  • уредно пополнет прашалник за животна средина и
  • нотарски заверена изјава за сопственичка – основачка структура на апликантот.

Документација која ја обезбедува Апликантот:

  • кратки биографии на лицата кои го сочинуваат проектниот тим ангажиран во проектот (најмногу за 5 (пет) лица);

Проектната апликација, буџетот на проектот (во PDF и Excel формат) и биографиите треба да бидат доставени на македонски и на англиски јазик и да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето “Аплицирај”.

Останатата документација поврзана со апликантите треба да биде доставена само на македонски јазик.

Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите е до 17.11.2022 година, до 14.00 часот.

За повеќе информации: ПРАВИЛНИК за инструмент за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации.

За сите дополнителни информации можете да нѐ контактирате на:

 

  1. Дали средствата кои се доделуваат преку овој инструмент за проектни активности, се повратни?

Да, предвиден е механизам на поврат преку плаќање на ројалти во случај корисникот да генерира приходи од продажба како резултат на проектот. Обврската изнесува 5% од годишниот приход од продажба на производот / услугата кои се резултат на проектот, до остварување на поврат на 100% (сто проценти) од износот исплатен од страна на Фондот или за период од пет години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

  1. Дали како апликант може да се јави фирма која има загуба?

Со оглед на економската криза во 2020-та година предизвикана од Ковид19 пандемијата, како година која ќе се смета за меродавна за проверка на остварена загуба е 2021-та година, поточно за 2020година е дозволено апликантот да има загуба додека за 2021та година (година после кризата) доколку има загуба согласно официјалниот биланс на успех, тој апликант нема да е подобен.

  1. Дали ПЗУ може да се појави како апликант?

На овој јавен повик може да аплицира секое трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија, кое ги исполнува кретериумите за подобност согласно Правилникот. Согласно ова ПЗУ не може да се појави како апликант.

4.Дали може да аплицира конзорциум составен од две компании?

Да, предлог проектите може да бидат поднесени од поединечен апликант или од конзорциум предводен од апликантот. Меѓутоа, имајте во предвид дека членот на конзорциум потребно е да учествува со финансиски средства во целокупниот проект и потребно е да ги исполнува условите за подобност согласно Правилникот за инструментот.

  1. Дали на повикот може да аплицира компанија која има тековенпроект од претходен повик за некој од инструментите на поддршка на ФИТР а ги исполнува критериумите за учество?

Не. Апликантот, до моментот на аплицирање на јавниот повик, не треба да има тековен (активен) проект кој е финансиски поддржан од страна на Фондот по основ на некој од инструментите за поддршка.

  1. За кои две години се утврдуваат годишните приходи за апликантите?

Износот на остварените годишни приходи и просечниот број на вработени, за овој повик се утврдува согласно финансиските извештаи за 2020 и 2021 год. како што е наведено и во текстот на јавниот повик.

  1. Дали претпријатие основано од странец сопственик може да аплицира на овој јавен повик?

Да, може, доколку друштвото е основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централен регистар.

  1. 8Дали е прифатливо експертите/консултантите кои би ги ангажирале за реализација на проектот, да бидат странци?

Да, за реализација на проектот можете да ангажирате надворешни лица, физички или правни, од земјата и од странство.

  1. Дали можe потребното сопствено учество да го обезбедам преку кредит од банка?

Сопственото учество може да биде обезбедено од сопствени средства или кредит од комерцијалите банки.

Средствата добиени од Фондот по било кој друг основ или било која друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од страна на апликантот.

  1. Дали постои ограничување во однос на земјата на потекло при набавка на опрема потребна за развој на нов производ?

 Не постои ограничување во однос на земјата при набавка на опрема.

  1. Во Правилникот за инструментот, во делот на неподобни трошоци, пишува дека ДДВ-то е неприфатлив трошок. Дали тоа значи дека сумите во буџетот се пишуваат без вклучен ДДВ?

ДДВ е неподобен трошок и износите во буџетот треба да се без вклучен ДДВ.

  1. Дали за ангажирање на надворешен експерт треба да се стави нето сумата што ќе ја добие, или може да се стави бруто сумата со вклучен персонален данок на доход (за домашно физичко лице), односно дали проектот го покрива и тој дел?

При ангажирање на надворешен експерт (физичко лице), самиот ангажман се регулира со договор каде треба  да се дефинира нето износот + персоналниот данок. Со оглед на тоа, според досегашната пракса, во буџет може да се стави бруто износ (нето износ + персонален данок ) кој е дефиниран во договор и при реализација на проектот ќе имате обрска да направите и плаќање на персонален данок и исплата на нето износ.  Доколку не го предвидите износот за персонален данок во буџет на проект Вие ќе мора тој трошок да го платите од сопствени средства бидејќи мора да имаме доказ дека за исплатен хонорар или надомест на физичко лице платен е и персоналниот данок.

  1. Дали има ограничување во однос на периодот на постоење на фирмата, односно дали имаат право на аплицирање новоосновани компании?

Во Правилникот на овој инструмент нема ограничување во однос на староста на претпријатието апликант односно може да аплицираат и новоосновани претпријатија.

  1. Дали фирма која во моментов нема ниту еден вработен, може да аплицира на објавениот јавен повик?

 Според Правилникот на овој повик нема ограничување во поглед на минимум вработени, ограничување има само во максимум просечен број на вработени кој не може да надмине 250.

  1. Дали за предвидените трошоци за набавка во рамките на проектот, во фазата на аплицирање треба да се достават понуди за набавка од добавувачи?

Во фаза на апликација немате обврска да ги доставите понудите.

Во случај проектот да е одобрен за финансирање, по потпишување на договорот а пред реализирање на набавката, за било која набавка предвидена во буџетот на проектот која надминува износ од 615.000,00 денари, потребно е до Фондот да доставите минимум три понуди и кратка информација за направениот избор на добавувач.

  1. Дали може да се користи истата наменска сметка од претходниот повик за кој имаме добиено одлука за финансирање?

 Истата сметка може да се користи само доколку претходниот проект Ви е завршен и сметката има салдо нула.

  1. Што ако се смени некој од вработените во текот на времетраењето на проектот?

Со оглед на тоа дека капацитетот на проектниот тим е еден од критериумите при оценување на апликацијата, вработениот може да биде заменет со лице со исти или подобри квалификации при што барањето за промена на член на проектниот тим ќе биде предмет на одобрување од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции

  1. Доколку се добие кофинансиран грант, како се користат средствата?

Уплатата на средствата се вршат на посебна наменска сметка која Корисникот ја отвора пред потпишувањето на договор за Фондот. Уплатата на средствата за ко-финансирање од страна на Корисникот, како и од страна на Фондот, се прави на квартална основа, пред почетокот на секој квартал. Тоа значи дека по потпишување на договор со Фондот, Корисникот треба да го уплати износот на сопственото ко-финансирање за прв квартал, а по доставување на извод од сметка (како доказ дека уплатата е направена) Фондот ја прави уплатата на својот дел од финансирањето за прв квартал.

Постапката се повторува секој нареден квартал со таа разлика што за исплатите за секој нареден квартал, покрај доставен извод за направена уплата на сопственото ко-финансирање, Корисникот ќе треба да достави извештај за претходниот квартал кој Фондот треба да го одобри и да има 70% искористеност на средствата од претходниот квартал.

Инаку, износот на средства по квартал го определува Корисникот при пополнување на буџетот кој е еден од задолжителните обрасци при аплицирање. При изготвување на буџетот Корисникот определува за секој трошок во кој квартал ќе се врши плаќањето и врз таа основа се определуваат вкупните износи по квартал и вкупниот буџет.

  1. Дали трошокот за наем на простор е прифатлив трошок?

Да и истиот може да го предвидите под ставката Канцелариска и деловна поддршка во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.

Не може да се изнајмува деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со корисникот/членот на конзорциум.