Предизвик за млади истражувачи
ЗАМИСЛИ – ИСТРАЖИ – ПРИМЕНИ – ИМАЈ ВЛИЈАНИЕ
- Идентификација на проблемот/потребата
- Формулриање хипотеза/и
- Дефинирање методологија на истражување
- Создавање тим од ментор/и и ученици со комплементарни вештини и способности
- Формулација на очекуваните резултати
- Дали овие резултати се применливи во однос на решението на проблемот/задоволување на потребата?
- Кое е потенцијалното пошироко влијание?
- На кој начин ова истражување го надополнува она што се изучува во училиште?
Целта на предизвикот е да поттикине креативно и критичко размислување преку изнаоѓање одговор на претходно идентификувани прашања и проблеми, и да ја негува љубопитноста преку откривање нови хоризоннти на начин што го предизвикува конвенционалното знаење. Преку процесот на откривање, учениците, наставниците и менторите можат да ги идентификуваат своите способности, да ги унапредат сопствените вештини, и да соработуваат со цел постигнување заеднички цели.
Преку „Предизвик за млади истражувачи“, ФИТР поддржува истражувачки проекти засновани на научен метод, вклучувајќи аспекти како тимска работа, инклузивност, социјална кохезија, етика во истражувањето, и социо-економска корист. Мерката се имплементира преку следниве чекори:
- Објава на еден јавен повик годишно
- Претселекција на добиените предлог проекти
- Презентација на претселектираните предлог проекти
- Избор на наградени проекти кои ќе добијат финансиска поддршка за спроведување
- Спроведување на наградените проекти
- Промотивни активности и меѓуврсничко учење