Мисија и цели
Фондот за иновации и технолошки развој е водечка владина институција за поддршка на стартапи и иновативни компании во Република Северна Македонија.
Во моментов, Фондот преку своите финансиски инструменти, ко-финансира 985 проекти со заеднички инвестиции од околу 118 милиони евра. Од портфолиото на ФИТР дури 43% се стартап компании, претежно основани од млади луѓе. Со речиси 1,5 милиони евра, Фондот го поддржува и развојот на три акцелератори во државата: Х фактор, Сивус Акцелератор и Деловно-технолошки акцелератор УКИМ.
Главните приоритети на Фондот се подобрен пристап до финансиска поддршка за иновации и за технолошки развој и промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Северна Македонија.985
Нашите активности вклучуваат:
- Кoфинансирање стартапи, микро, мали и средни претпријатија, регистрирани во Република Северна Македонија.
- Национален стартап совет чија цел е трансформација на македонскиот стартап екосистем
- Програма за корпоративна иновативност со цел поттикнување на соработката помеѓу приватниот сектор и стартапите
- Партнерство со Amazon Web Services преку која Фондот обезбедува кредити за користење на оваа глобална платформа во износ од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари
- Засебно портфолио за инвестиции во дигитализација на земјоделството и јавните институции
- Изработка на Национална стратегија за вештачка интелигенција
- Менторска поддршка за потенцијални и тековни корисници
Фондот ги поддржува и талентираните основци, средношколци и студенти.
Во рамките на четирите предизвици „Предизвик за млади истражувачи“, беа наградени 109 училишни проекти во кои учествуваат над 728 ученици и ментори од целата држава. За прв пат спроведовме и Предизвик за воспоставување на лабаратории за производство “Младите создаваат” . Преку поддршката на на Џуниор Ачивмент Македонија и програмата за претприемничко образование во сите средни училишта низ земјава , 728 ученици и 100 наставници. Во рамките на UPSHIFT програмата, Фондот награди 32 најуспешни идеи.