СТАРТ-АП СОВЕТ

Фонд за иновации и технолошки развој за првпат во земјава го формира Стартап советот, со основна  цел да ја претставува стартап заедницата и да ги застапува нејзините интереси во процесот на креирање и носење на политики кои треба да придонесат за понатамошен раст и развој на македонскиот стартап екосистем.

Советот ќе биде активен учесник во креирање на идните политики кои се однесуваат на овие компании, ќе предлага мерки насочени кон подобрување на организацијата на работењето на јавниот сектор и институциите што ќе резултира во поедноставени процедури и поквалитетни јавни услуги, како и препораки за намалување на товарот и трошокот врз стартапите со интервенции во правната регулатива и законската рамка со цел полесен пристап до капирал и негова мобилизација. Целта на овие активности е раст на бројот на стартапи и позиционирање на земјата како стартап и регионален хаб.

Стартап советот е во состав од следните членови:

  • Фатмир Битиќи, Вицепремиер за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
  • Коста Петров, претставник на Фонд за иновации и технолошки развој
  • Анита Никова Бундовски, претставник од МАСИТ
  • Бистра Кумбаровска, претставник од стартап заедницата
  • Ѓорѓи Рафајловски, претставник од стартап заедницата
  • Дејан Алексов, претставник од СТАРТАП Македонија
  • Стефан Митевски, претставник од стартап заедницата

Националниот стартап совет во соработка со претставници од Владата на РСМ, стопанските комори, странските донатори и организации, како и инвеститори и претприемачи од стартап екосистемот, направи детална анализа на моменталната состојба, како и потребите, за побрзо трансформирање на македонскиот стартап екосистем, со една единствена цел – позиционирање на Република Северна Македонија како регионален стартап хаб во регионот.

Од таа анализа произлегуваат и следните мерки преку чие имплементирање македонските претприемачи и иноватори ќе имаат поголеми можности за регионален и интернационален успех, а во исто време, нашата држава ќе стане и поатрактивна дестинација за глобалните иноватори, инвеститори и претприемачи.

Фатмир Битиќи
Претседател на Стартап Совет

Фатмир Битиќи е именуван за заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  координација со економските ресори и инвестиции на 30ти август 2020 година.

Битиќи е интернационален експерт од областа на менаџирањето со економски процеси и реформи со преку 20 години работно искуство во над 100 различни програми и проекти со цел развој на сектори, државни институции, стопански комори и компании.

Има спроведено преку 500 обуки во земјите од Западен Балкан и досега бил професионално ангажиран како консултант и советник во повеќе влади, министерства и институции од регионот. Од 2008 година, активно е вклучен како експерт за пристап и раководење со ЕУ фондови и важи за еден од водечките професионалци за оваа област во регионот.

Негова тесна специјалност е стратешко планирање и менаџирање со развојни, економски и бизнис програми и важи за одличен познавач на бизнис приликите со долгогодишно искуство во реалниот сектор како претприемач, консултант и извршен менаџер.

Формалното образование го стекнал на Универзитетот во Тирана, каде дипломирал на Економскиот факултетот на смерот за Бизнис Менаџмент. Автор е на повеќе стратегии, предлог-закони, прирачници и упатства во областа на финансиите, економијата и развојот на бизнисот. Битиќи активно зборува на 5 (пет) јазици.

Бистра Кумбаровска
Потпретседател на Стартап Совет

Бистра Кумбароска е меѓународно препознаена жена-претприемач, социјална иноваторка и поетеса која поддржува поединци, организации и компании во Европа, Африка и Азија, во нивното пронаоѓање и зголемување на своето позитивно влијание на општеството и околината. Нејзината страст за комбинирање на добродетелството и претприемништвото почнува уште за време на студентските години во Скопје, каде станува активен член и ко-основач на меѓународната мрежа за млади, Младиинфо. Од 2010та година, Бистра се сели во Словенија, од каде започнува со редица образовни патувања низ Европа, Африка и Југоисточна Азија. Во соработка со Обединетитети Нации, Европската комисија, УНИДО и други меѓународни мрежи, Бистра се посветува на креирање различни социјални иновации и развој на регионалните екосистеми на Западен Балкан, Централна Европа, и Потсахарска Африка. Благодарение на искуствата со Импакт Хаб мрежата и Глобалната мрежа за социјални претприемачи од Англија, Бистра успева да работи на над 50 социјални иновации низ Европа, со особен фокус на градење нови бизнис модели и импакт инвестирање. Досега, Бистра учествувала во креирањето и ширењето на 6 меѓународни мрежи поврзани со социјални иновации, ко-основач е на 5 социјални бизниси и своето искуство го споделила на повеќе од 189 меѓународни настани и конференции. Во моментот, Бистра е препознат консултант за социјални иновации и одговорно претприемништво, со живеалиште во Виена и Љубљана од каде ја води и својата агенција за промени, Heartbeats Innovation & Communication.

Анита Никова Бундовски
Член на Стартап Совет

Анита Никова Бундовски, има стекнато универзитетска диплома и магистратура на Универзитетот Шефилд. Додипломските студии ги стекна во полето на Бизнис Администрација, со специјализација во Финансии. Нејзината магистратура е во Компјутерски Науки, на отсек Иновации, Претприемништво и Технологии.  Анита има 15 години искуство во ИКТ секторот во Северна Македонија, во регионот, во Европа и во светски рамки.  

Од 2012, таа е извршен директор на стопанската комора за информатички технологии МАСИТ, која е непрофитна, неполитичка и невладина, самоиздржлива организација, основана во 2000-та година, која ја обединивуа ИКТ бизнис заедницата во нашата држава. 

Никова ги менаџира сите интереси на компаниите во ИКТ секторот, лобира пред владините институции и врши редовна комуникација со сите засегнати лица и институции во заедницата. Таа исто така е одговорна за регионалната СЕЕИТА конференција, која што брои 16 годишна традиција (www.seita.org) и е еден од основачите на 3B ICT Network, иницијатива која ги сублимира повеќето бизнис сапорт организации од регионот на Југоисточна Европа и Кавкаски регион.

Дополнително, Никова е НКЛ (Национално Контакт Лице) за ИКТ во Хоризонт2020 програмата, која е инструмент за финансирање на иновативни проекти од Европската Комисија. 

Коста Петров
Член на Стартап Совет

Коста Петров е меѓународно докажан претприемач, експерт за односи со јавност, говорник и бизнис-автор.

Тој е основач на P World, светската, водечка агенција за настани, која работи во 40 земји низ светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Малта, Норвешка, Турција, Иран, Египет, Катар, Азербејџан и Јужна Кореја.

Две години по ред, Коста беше дел од листата на највлијателни професионалци за настани во Југоисточна Европа на „Конгрес магазин“.

Со над 40.000 продадени примероци, Коста е и еден од најпродаваните бизнис-автори во Македонија.

Тој е поранешен директор за развој во IABC EMEA, редовен дописник за американското издание на „Хафингтон пост“ и редовен говорник за односи со јавност, лидерство и претприемачи на различни настани во светот.

Ѓорѓи Рафајловски
Член на Стартап Совет

Гого Рафајловски е оперативен директор на Технолошкиот Парк – SEEEUTechPark и консултант за интелектуална и опственост кој им помага на иновативните стартапи да го достигнат својот макисмален потенцијал.

Преку долгогодишната 15-годишна професионална кариера во водење на стартап центри, бизнис-инкубатори, акцелератори и технолошки паркови, има изградено порфолио на искусен ментор, со пасија за технологии и брендови.

Поседува широки практични познавања од: оператимен менаџмент, инвестирање во стартапи, интелектуална сопственост и вреднувања.

Дејан Алексов
Член на Стартап Совет

Адвокат, основач на адвокатска канцеларија Алексов, ко-основач и претседател на Стартап Македонија. Стартап ентузијаст Дејан Алексов, влегува во стартап заедницата во 2015 година, кога за прв пат ги изготвува правните документи за реализација на инвестиција од бизнис ангели во македонски стартап.

Тогаш подетално се запознава и се интегрира во стартап заедницата. Во 2016 година заедно со уште неколку луѓе ја ко-основа Стартап Македонија, а од 2018 година е претседател.


Во 2017 започнува своја адвокатска канцеларија која соработува и им помага на многу стартап компании.

Стефан Митревски
Член на Стартап Совет

Стефан Митески е консултант, говорник и претприемач. Тој е основач на Systems for Enterprise преку која изработува софтерски решенија кои ги користат некои од најголемите осигурителни компании во Северна Америка (вклучувајќи ги: Allstate, American National, Berkshire Hathaway, Farm Mutual Re, Houston International, Intact Insurance, Leading Insurance Group, Markel, Sompo International, West Bend Mutual, Wynward Insurance Group).

Своето образование го завршил на УКИМ. Дипломира Компјутерско Системско Инжинерство и Автоматика на ФЕИТ а магистрира на Менаџмент на животен циклус на производ на МФ. Поседува и диплома и од Факултетот Јончепинг во Шведска за младинска работа а студент е и на постдипломските студии за Политики во Институтот за општествени и хуманистички науки.

Претходно својата кариера ја гради во софтверски компании во Македонија, Канада и Германија каде што воглавно зазема менаџерски улоги со фокус на градење на агилни тимови со висока мотивација.

Активен е во македонската стартап сцена преку организирање на мноштво настани меѓу кои: Get in the Ring, Startup Europe Week, Робомак, Insurhack, EESTEC Academy и многу други.

Ментор е на Startup Weekend, Nasa International Space apps challenge, UNICEF Generation Unlimited Challenge, Code App Level Up. Секоја година оддржува над 20 часа бесплатни обуки за млади со цел развој на стартап екосистемот.