Јавен повик за финансирање проекти за социјално претприемништво
„Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите”
Во Република Македонија над 20% од населението е погодено од сиромаштија, а околу 450.000 лица живеат под прагот на сиромаштија. Според податоците од Државниот завод за статистика најмногу се погодени луѓето со низок степен на образование, старите лица, лицата со посебни потреби, раселените лица, домаќинства со самохрани родители и ромската популација. Особено алармантен е фактот дека во последниве години континуирано највисока стапка на сиромаштија е забележана кај деца на возраст од 0-17 години и тоа со околу 29%.
Според податоците од Министерството за труд и социјална политика на територијата на Република Македонија се отворени 50 народни кујни во кои се опфатени околу 4.000 лица. За оваа цел, Министерството за труд и социјална политика годишно алоцира околу 100 милиони денари средства од Буџетот на РМ, но заради ограничените ресурси, над 90% од лицата со потреба од поддршка дефинирани како ранливи категории во Законот за социјална заштита не се опфатени со оваа помош. Дополнителен проблем во отворањето на народни кујни е вклучувањето на локалните власти во процесот кои треба да обезбедат простории или пунктови за подигање на храна во урбани/рурални средини и транспорт на истата до крајните корисници поради што овој модел за обезбедување на оброк не е соодветен за различните категории на потенцијалните корисници. Потребно е да се развијат соодветни модели согласно потребите на корисникот.
Елиминацијата на апсолутната сиромаштија е еден од главните приоритети на ООН. Првата цел на Милениумската кампања на ООН е искоренување на екстремната сиромаштија и гладта во светот до 2030 година. Владата на Република Македонија ги поддржува овие цели.
Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за труд и социјална политика и ве покануваат да учествувате на Повикот за финасирање на проекти за социјално претприемништво „Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите”.
Основна цел на повикот е да се поттикне развој и примена на иновативни решенија во различни сегменти од општеството за подобрување на квалитетот на живеење.
Развој и примена на системско и одржливо решение за обезбедување на храна за лица (семејства) со реална потреба од поддршка од заедницата и институциите.
Притоа, ќе се придонесе и кон зајакнување на социјалната кохезија, како и генерирање на општествена вредност, при што заедницата ќе има конкретна полза од претприемачките активности.
Иновативно решение (пр. платформа) за мобилизирање на храна од пазарните вишоци, ефикасна дистрибуција, администрирање на мрежата (инфраструктура) и учесници, достава до точки каде пристапуваат семејства со потреба за ваква помош.
Решението треба да опфати и модел на взаемна интеракција на сите субјекти/учесници во системот.
Во рамки на предложеното решение треба да се предвиди ефикасен систем на активност, поврзување и координација на следните учесници:
Платформата треба да обезбеди одржливо решение и ефикасно искористување на ресурсите на државата, како и рационално користење на ресурсите од приватниот сектор (заедницата), дел од кои досега завршувале на отпад.
Предлог проектите треба системски да пристапат на проблемот и да понудат иновативна методологија која ќе го реши прашањето со ефективна достава и обезбедување на храна за лица од загрозената категорија.
Времетраењето на изработка на решението (проектната задача) не треба да надминува 12 месеци.
Предложените проекти треба да имаат видливи резултати, како на пример:
На повикот може да учествуваат правни лица: сите микро, мали и средни претпријатија, граѓански организации и кои се социјално одговорни и/или имаат за цел својата дејност да ја прошират кон социјалното претприемништво.
Учесникот на повикот треба да ги исполнува следните услови :
Вкупниот буџет за Јавниот повик #ОброкЗаСите изнесува 2 милиони денари.
Наградувањето ќе се врши согласно со рангирањето на предлог-проектите сè до исцрпување на вкупниот износ на буџетот.
За #ОброкЗаСите Фондот обезбедува финансирање до 90% проценти од вкупниот буџет за предлог-проектот. Преостанатиот паричен износ од вкупниот буџет за проектот се обезбедува од страна на натпреварувачот.
Максималниот износ на средства кои се бараат од Фондот за поединечен предлог-проект не смее да го надмине вкупниот износ на определениот буџет за предизвикот.
Средствата добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на натпреварувачот/корисникот на наградата.
Доколку нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно Правилата за натпревари и предизвици, Фондот го задржува правото да не додели награда.
Активностите предвидени во предлог-проектот треба да соодветствуваат на фазите на истражување и развој, односно на напредување на технологијата до степен на прототип/модел функционален и во реалните животни околности.
Активностите задолжително треба да вклучуваат и:
Трошоците предвидени во буџетот на проектот за набавка на опрема и ресурси за истражување, развој и имплементација треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Трошоци подобни за финансирање се:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот и Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата ќе се сметаат за подобни трошоци.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, натпреварувачот е должен, пред потпишувањето на Договорот за доделување на награда, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.
Оценувањето, селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор на победници, се врши од страна на Комисија за оценување и избор.
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
Фондот го задржува правото за измена на горенаведените рокови.
Секој предлог-проект се оценува од Комисијата за оценување и избор, која се состои од 7 членови и тоа:
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат оние предлог-проекти кои ќе се однесуваат на приоритетните области на делување дефинирани во овој предизвик и ќе понудат мерливи индикатори за придонесот на решението во намалувањето на бројот на неухранети лица на краток и среден рок
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат предлог-проектите чии решенија се разликуваат од веќе постоечките решенија на пазарот, се одржливи на среден и долг рок и имаат висок потенцијал за заштита на право од интелектуална сопственост
Најмногу поени под овој критериуми ќе добијат натпреварувачите чија финансиска анализа на трошоци и придобивки, верификувана од Комисијата, ќе покаже дека за ист или помал износ на средства што се одвојуваат од Буџетот на РМ ќе се зголеми опфатот на лица што имаат потреба за користење на ваква помош во рамки на понуденото системско решение.
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат натпреварувачите со претходно искуство во развој на слична иновативна технологија, претходно искуство во областа на делување (социјално претприемништво, обезбедување и дистрибуирање храна до ранливите категории), и чии членови имаат балансирано искуство во поглед на изработка на техничкото решение и развој на бизнис. Истото се однесува и на партнерите на натпреварувачите (доколку постои партнерство). Квалитетот на соработката меѓу партнерите (доколку е применливо) особено ќе се земе во предвид при оценувањето.
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат оние предлог-проекти кои јасно ги имаат дефинирано фазите на истражување и развој со адекватно вклучување на што поголема мрежа потенцијални учесници и имаат соодветна алокација на човечки ресурси и материјални трошоци.
За да се пријави на #ОброкЗаСите, натпреварувачот на повикот треба да:
Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и во PDF формат да се испратат на следната e-мaил адреса: obrokzasite@fitr.mk.
Пријавувањето на повикот #ОброкЗаСите е до 15.06.2018 година, до 23:59 часот.
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог-проекти кои се пополнети во обрасците определени за #ОброкЗаСите од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата.
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог-проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани и консултативни средби. Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот и на нашиот facebook профил.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |