Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), Правилникот за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој, Фондот за иновации и технолошки развој на 13.12.2019 година објавува Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој.
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (во понатамошниот текст само „ПЗУ“), кои ги исполнуваат условите од Правилникот.
Јавниот повик се спроведува по РЕДОВНА и СКРАТЕНА ПОСТАПКА и се однесува на кофинансирање на предлог проекти до 30%(триесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари по апликант и тоа:
Предлог проектите може да бидат поднесени од поединечен aпликант или од конзорциум предводен од претпријатие или ПЗУ кое ги исполнува критериумите за подобност предвидени со правилникот на инструментот. Поединечен aпликант може да склучи договор за соработка (поддоговор за услуги) за истражување и развој со установи кои вршат високообразовна и/или научноистражувачка дејност од земјата и од странство или друго претпријатие и/или ПЗУ.
Преостанатите 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот треба да бидат обезбедени од апликантот (средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на апликантот).
РЕДОВНА ПОСТАПКА – финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ), кои ги исполнуваат условите од Правилникот за Инструментот за кофинансирани грантови за технолошки развој.
СКРАТЕНА ПОСТАПКА или “FAST TRACK”
Апликантите чии предлог проекти не биле одобрени за финансирање од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, а ја поминале фазата на административна проверка и фазата на претселекција, можат повторно да аплицираат на јавен повик по скратена постапка со истиот, односно подобрен предлог проект со кој учествувале на претходен јавен повик на Фондот.
Можноста за аплицирање по скратена постапка важи за сите јавни повици на ФИТР објавени во период од 12 месеци по добиено известување за резултатите од претходниот јавен повик.
За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен буџет од 6.000.000,00 (шест милиони) евра, односно 369.156.600,00 (триста шеесет и девет милиони сто педесет и шест илјади и шестотини) денари.
Од кои:
1. Повик по редовна постапка = 3,000,000.00 (три милиони) евра
2. Повик по скратена постапка = 3,000,000.00 (три милиони) евра
Подобни за финансирање под овој инструмент се апликантите кои ги исполнуваат следните критериуми:
односно:
Подобни за финансирање преку овој Инструмент се предлог проекти од сите сектори, освен за:
а) поддршка на која било активност која се вбројува во горенаведените сектори од алинеите 2, 3 и 4 на овој член;
б) интернет коцкање и онлајн казина и/или
в) порнографија;
Прифатливи активности за финансирање се:
Прифатливи трошоци за финансирање се:
Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање
При оцената на предлог проектот се користи Табела за оцена на предлог проектите која ги содржи следните главни критериуми за оценување:
Технолошки напредок – 20 поени
Квалитетет на проект – 15 поени
Капацитет на проектниот тим – 15 поени
Потенцијал на пазарот – 30 поени
Влијание – 20 поени
ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА:
Селекцијата на предлог проектите се состои во неколку чекори
ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА:
Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 18 (осумнаесет) месеци.
Корисникот врз основа на оправдани причини може да бара продолжување на времетраењето на проектот со поднесување на образложено писмено барање во кое ќе бидат наведени причините за продолжување. Барањето се поднесува пред истекот на времетраењето на проектот.
ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА:
За да аплицира апликантот треба да:
Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-редовна постапка“.
Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.
ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА:
За да аплицира апликантот треба да:
Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-редовна постапка“.Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-скратена постапка“.
Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.
ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА: ДО 05 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА (23.59ч.)
Поради голем интерес и на барање на компаниите, рокот за аплицирање по редовна постапка за јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој е продолжен до 10 февруари, 2020 година (До 23:59 часот).
ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: ДО 27 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА (23.59ч.)
Сите информаци и документација поврзана со повикот се наоѓаат на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj и Правилникот за инструментот за поддршка-Кофинансирани грантови за технолошки развој
Пишете ни на: tehnoloshki@fitr.mk
Јавете ни се: +389 2 314 5258
Посетете нѐ во канцелариите на ФИТР (ГТЦ ЛОКАЛ 6 Д.Е.220 ВО СКОПЈЕ)
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |