Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за осознавање на светот на начин кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе можеме да израснеме генерации кои ќе го унапредат начинот на кој размислуваме, начинот на кој ги практикуваме секојдневните активности и меѓусебно комуницираме.
Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) Ве повикуваат да учествувате на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи.
Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување.
Времетраењето на истражувачкиот проект не треба да надминува 6 (шест) месеци.
Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се на пример истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудио-визуелен материјал, дигитален материјал и слично.
Предложените истражувачки проекти треба да бидат комплементарни на наставните програми и да соодветствуваат со когнитивните способности на возрасната група.
Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 2.500.000 (два милиони и петстотини илјади) денари.
Ќе бидат доделени награди во две категории:
Буџетот на поединечен предлог проект не може да надминува 300.000 (триста илјади) денари.
Средствата ќе бидат исплатени авансно, во две рати и тоа, првата рата во износ од половина од вкупниот буџет на проектот ќе биде исплатена по потпишување на Договорот за доделување на награда, втората рата ќе биде исплатена согласно динамиката на трошење на средствата откако ќе бидат потрошени минимум 80% од првата исплата.
На сите членови на тимовите од предселектираните предлог-проекти Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука на Република Македонија ќе им додели сертификати за учество во предизвикот.
Наставниците и наставничките кои ќе ги предводат првонаградените тимови во двете категории за успешно спроведениот прокет ќе добијат и награда од максимален износ од 30.000 (триесет илјади) денари по наставник/наставничка за покривање на трошоци за стручно усовршување на обука/семинар/јонференција по сопствен избор. Средствата од наградата може да се искористат во род од 1 (една) година од нивното примање и ќе бидат префрлени на наменската сметка на проктот.
Опремата набавена со средствата доделени преку наградите ќе остане во сопственост на училиштата добитници на наградите.
Фондот го задржува правото да не ги додели сите награди доколку нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно Правилата.
Повикот се однесува на сите основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија кои имаат креативни ученички и ученици со желба да истражуваат и освојуваат награди.
Натпреварувачот треба да биде основно или средно училиште кое е:
Секој натпреварувач треба да се пријави со натпреварувачки тим кој се состои од:
Преку овој повик, Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука сакаат да потенцираат дека секое дете има способности да се вклучи во процес на истражувачки активности. За да ги поттикнеме членовите на нашата заедница да размислуваат во насока на негување и примена на овие способности охрабруваме проекти кои:
Активностите предвидени во предлог проектот треба да соодветствуваат на активностите на истражување и развој, односно предлог проектот треба да вклучува активности кои ќе ја тестираат дефинираната хипотеза по пат на експеримент и набљудување.
Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Трошоци подобни за финансирање се:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот се подобни за финансирање.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
При формулирањето на предлог проектите, како и при нивното спроведување натпреварувачите и добитниците на наградите треба да се придржуваат до основните етички принципи на истражувачката работа и тоа:
Оценувањето, селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор на добитници на наградите, се врши од страна на Комисија за оценување и избор.
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
Секој предлог-проект се оценува од Комисија за оценување и избор, од најмалку 5 (пет) члена и вклучува:
Секој предлог проект ќе биде оценуван по следните критериуми:
Критериум | Вредност |
1. Усогласеност на предлог проектот со целите на јавниот повик Најмногу поени под овој криетриум ќе добијат оние предлог-проекти кои ќе понудат оригинални идеи за истражувачки проекти кои се комплементарни со наставните програми но не се дел од стандардната наставна содржина. Најмногу поени ќе добијат и оние предлог-проекти кои активно ги вклучуваат членовите на тимот во генерирање на научно знаење. Предност ќе имаат проекти со интердисциплинарен карактер. | 25% |
2. Капацитет на проектниот тим Најмногу поени под овој критериум ќе добијат натпреварувачите чиј проектен тим вклучува членови со различни мотиви, вештини и способности соодветни на активностите предвидени во предлог проектот. | 30% |
3. Квалитет на предлог-проектот Најмногу поени под овој критериум ќе добијат оние предлог-проекти кои јасно и адекватно ги имаат дефинирано хипотезата, фазите на истражување и развој и очекуваните резултати. | 25% |
4. Применливост на резултатите од истражувањето и дисеминација Најмногу поени под овој критериум ќе добијат натпреварувачите чии предлог-проекти водат кон резултати кои имаат потенцијал за практична примена во индустријата или резултати од општествен интерес. Најмногу поени ќе добијат и оние проекти кои предвидуваат активности за промоција на резултатите од проектот во насока на мултипликација на искуствениот научно-истражувачки процес и стекнатото знаење. | 20% |
Вкупно | 100% |
За да се пријави на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи секој натпреварувач треба да:
Бараните документи кои Ви се потребни за аплицирање се доспатни на нашиот сајт на копчето ПРЕЗЕМИ ДОКУМЕНТАЦИЈА и треба да се пополнети на македонски јазик и во ПДФ формат. Да се аплицира на копчето АПЛИЦИРАЈ.
Пријавувањето на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи трае до 31.03.2019 година заклучно со 23:59 часот.
За доделување награди ќе бидат земени предвид само оние предлог – проекти кои се пополнети во обрасците определени за овој предизвик од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата.
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог-проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани и консултативни средби. Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот и на нашиот Facebook профил.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |