Европа е првиот континент кој минатата година прогласи вонредна состојба во однос на климата. Во летото 2019 година се забележани топлински рекорди низ целиот европски континент, а сведоци сме на екстремни природни катастрофи кои се последица на климатските промени.
Светот е на средината на најтоплата деценија откако почнале да се водат податоци од 1850 година. Според предвидувањата на лондонската метеоролошка канцеларија температурите за секоја од наредните пет години ќе бидат за степен повисоки, а деценијата од 2014 до 2023 година најтопла во периодот од 150 години водење евиденција.
Зголемената просечна температура е резултат на се поголемата емисија на стакленички гасови во атмосферата кои ја задржуваат топлината.
Климатските промени се всушност долгорочни промени во климатскиот шаблон и просечните климатски вредности во кои спаѓаат и промени во температурата и врнежи. Климата се менувала и во изминатите векови, но сега климатските промени се менуваат со рапидна брзина.
Според сценаријата на меѓувладини и меѓународни научници кои работат на климатските промени и справувањето со нив се предвидува дека во наредните 30 до 50 години во Северна Македонија и регионот ќе има повисоки температури и долги суши, но и поројни дождови. Исто така ќе има зачестени невремиња со електрични празнења и со град, што може да има големи негативни последици врз земјата и таа да стане непогодна за земјоделско производство и за живеење.
Научниците предупредуваат дека разорните последици на климатските промени ќе влијаат врз сите, без оглед на местоположбата, економската развиеност и големината на заедницата во која живеат луѓето.
Поради тоа климатските промени мора да бидат сфатени како сериозна закана по животната средина, здравјето и благосостојбата на луѓето, достапноста на природните ресурси и храна, економијата, изградената инфраструктура и квалитетот на животот.
Истражување на јавното мислење спроведено од Програмата за развој на Обединетите Нации, УНДП и Министерството за животната средина покажува дека македонските граѓани во климатските промени гледаат како трета најсериозна закана за општеството, но тие сѐ уште немаат доволно знаење за адаптацијата на климатските промени.
Министерството за животна средина и просторно планирање ги креира политиките поврзани со климатски промени врз основа на емисиите на стакленички гасови, се оценува потенцијалот за нивно намалување или “ублажување на климатските промени” и врз основа на сценаријата за идна промена на климата прави анализи и мерки за адаптација.
Водејќи се од тоа дека климатските промени се глобален проблем, се јавува и потребата од дополнителни напори и внимание за да се промовираат најдобрите практики за адаптација и да се поддржи развојот на конкретни мерки за надминување на овие проблеми преку иновативни идеи и акции кои ќе поттикнат решавање на проблемот. Фондот за иновации и технолошки развој Ве повикува да учествувате на вториот „О2 ПРЕДИЗВИК 2“. Во реализацијата на предизвикот ќе се вклучат Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Град Скопје, Македонија 2025, Здружението Еко Свест како и други партнерски организации и експерти.
Вториот О2 Предизвик овозможува поширок опсег на натпреварувачи да се вклучат со свои идеи во решавањето на проблемот со климатските промени, а со овој повик се отвора можност за воспоставување на партнерства од регионот на Западен Балкан (WB6) во кој спаѓаат Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија.
Ова во исто време претставува основа за дизајнирање и воведување на нов регионален Инструмент на Фондот за иновации и технолошки развој насочен кон организирање натпревари и предизвици за изнаоѓање на иновативни решенија од општествен интерес во регионот
Натпреварувачите треба да понудат решение/ја со кои ќе придонесат кон намалување на емисиите на стакленички гасови или со кои се подобрува отпорноста кон климатските промени (мерки за адаптација кон климатските промени) во една од следниве области на национално или регионално ниво:
Листата на области не е ограничувачка.
Решенијата можат да ги таргетираат следните фази од процесот на решавање на проблемот со климатските промени:
Поддршката ќе биде доделена на проекти кои предвидуваат истражување и развој на иновативни решенија кои се во понапредна фаза на технолошка спремност, имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна комерцијална амбиција.
Предлог проектите треба да содржат системско решение, производ, услуга или иновативна методологија која придонесува кон решавање на еден или повеќе од горенаведените специфични предизвици кои придонесуваат за намалување на емисиите на стакленички гасови, или подобрување на отпорноста кон климатските промени.
Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се на пример нова услуга за граѓаните, нов ефикасен и еколошки производ, поефикасна јавна услуга или пак промена на однесувањето на граѓаните.
Повикот О2 предизвик II-Справување со климатските промени е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност, претпријатие и/или здружение од земјата или регионот на Западен Балкан (WB6) – Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.
Предлог проектите може да бидат поднесени од поединечен натпреварувач или од конзорциум предводен од водечки натпреварувач. При аплицирање во партнерство/конзорциум, главен носител на проектот е Водечкиот натпреварувач.
Натпреварувачот (Водечкиот натпреварувач) треба да биде правен субјект кој ги исполнува следните услови:
– да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и
регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија
Доколку предлог проектот вклучува соработка на натпреварувачот со високообразовна, односно научно-истражувачка установа, здружение и/или претпријатие, условите за партнерот/член на конзорциум се:
Предлог-проектот кој вклучува партнери/членови на конзорциум од регионот на Западен Балкан ќе има предности при бодувањето.
Прифатливи активности за финансирање се:
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Прифатливи трошоци за финансирање се:
Се препорачува најмалку 10% од вкупниот буџет на проектот да биде издвоен за: развој на бизнис план, истражување на пазар и маркетинг стратегија, валидација на пазар и заштита на права од индустриска сопственост.
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот и Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата (pdf) ќе се сметаат за подобни трошоци.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор (во натамошниот текст: Комисијата), а пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, натпреварувачот е должен, пред потпишувањето на Договорот за доделување на награда, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.
Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства може да биде до 12 (дванаесет) месеци
За финансирање проекти под овој повик обезбеден е вкупен износ од 5.000.000 (пет милиони) денари.
Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 30.000,00 (триесет илјади) евра во денарска противвредност.
Преостанатиот износ од вкупниот буџет за проектот односно минимум 15% од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од натпреварувачот.
Средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на натпреварувачот/корисникот на наградата.
Доколку нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно Правилата за натпревари и предизвици, Фондот го задржува правото да не додели награда.
Предвидени се и специјални награди и тоа:
За три од тимовите кои влегле во фазата на селекција
Наградата ќе ја обезбедат: Кајама центарот за одржлив дизајн од Израел и Министерството за надворешни работи на Израел (Kayama, the Center for Sustainable Design in Israel and The Israeli Ministry of Foreign affairs).
За еден од тимовите кои влегле во фазата на селекција
Наградата ќе ја обезбеди Македонија 2025.
Услов за добивање на една од специјалните награди е компанијата да влезе во фаза на финална селекција, а изборот и конечната одлука ја носи институцијата која ја доделува наградата.
При оцената на предлог проектот се користи Табела за оцена на предлог проектите која ги содржи следните главни критериуми за оценување:
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат оние предлог-проекти кои ќе се однесуваат на приоритетните области на делување дефинирани во овој предизвик и ќе понудат мерливи индикатори за придонесот на решението во справување со климатските промени на краток и среден рок.
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат предлог-проектите чии решенија значително се разликуваат од веќе постоечките решенија на пазарот и имаат висок потенцијал за заштита на право од интелектуална сопственост
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат натпреварувачите со претходно искуство во развој на слична иновативна технологија/решение, претходно искуство во областа на делување (справување со климатски промени), и чии членови имаат балансирано искуство во поглед на изработка на техничкото решение и развој на бизнис.
Истото се однесува и на партнерите на натпреварувачите (доколку постои партнерство). Квалитетот на соработката меѓу партнерите (доколку е применливо) особено ќе се земе предвид при оценувањето. Предлог-проектот кој вклучува партнери/членови на конзорциум од регионот на Западен Балкан ќе има предности при бодувањето.
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат оние иновативни решенија со висок и јасно идентификуван пазарен потенцијал.
Најмногу поени под овој критериум ќе добијат оние предлог-проекти кои јасно ги имаат дефинирано фазите на истражување и развој со адекватно вклучување на потенцијалните клиенти и имаат соодветна алокација на човечки ресурси и материјални трошоци.
Оценувањето, селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор на победници, се врши од страна на Комисија за оценување и избор.
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
Фондот го задржува правото за измена на горенаведениот рок.
Секој предлог-проект се оценува од Комисијата, која се состои од:
НАПОМЕНА: По барање на членовите на Комисијата, Фондот може да ангажира експерти кои ќе дадат стручно мислење за одредени апликации, соодветно на областа на нивната експертиза. Во таков случај, стручното мислење ќе биде земено предвид од членовите на комисијата при оценувањето на апликацијата.
За да аплицира натпреварувачот треба да:
Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат, заедно со останатата документација која треба да биде доставена само на македонски јазик, да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/predizvikklimatski со клик на копчето „Аплицирај“.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 20.07.2020 година, до 23:59 часот.
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани, бесплатна техничка помош од експерти и менторски работилници. Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот како и на официјалните профили на ФИТР на социјалните мрежи (фејсбук, твитер и инстаграм).
Учесниците на О2 предизвик II- Справување со климатски промени ќе добијат можност за менторска помош при подготвување на нивните апликации. За таа цел предвидено е одржување на менторски онлајн сесии во организација на Амбасадата на Израел за Република Северна Македонија и Македонија 2025.
Сите заинтересирани натпреварувачи на О2 предизвик II – Справување со климатски промени, со учество во менторската програма ќе имаат можност:
За регистрација на менторската програма Ве молиме да го пополните формуларот од следниот линк.
Сите учесници на О2 предизвик II, ќе добијат можност во текот на 2020 година да искористат активна мерка за невработени лица – Обука за стручни квалификации и вештини согласно Вашите барања и потреби. Обуките ќе се реализират со поддршка на УНДП, во партнерство со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), со финансиска поддршка обезбедена од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC).
Оваа можност натпреварувачот ќе ја добие независно од исходот на оценувањето на предлог проектот. Клучниот фактор за искористување на мерката и реализација на обуката е потребата на натпреварувачот од вработување на стручна и квалификувана работна сила.
Реализацијата на обуката почнува по претходно идентификување на потребите на натпреварувачот (како иден работодавач), а потоа следи идентификација и утврдување на потенцијални спроведувачи на стручна обука. Спроведувач на обуката може да биде и самиот натпреварувач кој во случајот ќе има статус на обучувач и иден работодавач. Програмата или планот на обука се модифицира или дизајнира заедно со спроведувачот на обуката согласно со потребите на натпреварувачот. Во случај кога тој самиот се јавува во улога на обучувач, ќе добие стручна поддршка за дизајнирање на планот на обуката.
Обуката за стручни квалификации може да се реализира во период од 2 до 4 месеци, напоредно во просториите на спроведувачот на обука и/или во работните простории на натпреварувачот, согласно претходно утврдениот план на обука.
Лицата кои ќе се вклучат на обуката мора да бидат невработени лица пријавени во евиденцијата на АВРСМ. Бројот на лица вклучени во обуката, ќе зависи од бројот на потребните вработувања, односно ќе биде двојно повисок од бројот на идните вработувања.
Доколку успешно се завршат сите подготвителни активности и се потпише договор за реализација на обуката, вашето претпријатие се обврзува дека ќе вработи најмалку 50% од невработените кандидати кои успешно ја завршиле обуката, во времетраење од минимум 6 месеци.
Селекцијата на кандидатите заинтересирани за обука ја врши натпреварувачот, врз основа на критериуми кои претходно ги утврдил во рамки на барањето (степен на образование, претходно работно искуство и сл.). Конечниот избор на лицата кои ќе се вклучат на обуката, ќе зависи и од понудата за вработување на работодавачот, бидејќи невработеното лице кое ќе ја одбие понудата за вработување откако ќе ја заврши обуката, должно е да ги врати средствата добиени за време на обуката, освен во случај на вработување кај друг работодавач.
Висина на финансиската поддршка
Лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа на работно место и данок на личен доход за времетраењето на обуката (2 до 4 месеци).
Спроведувачите на обука можат да добијат вкупен надоместок во висина до максимум 30.000 денари по лице на обука.
Повеќе информации на следните контакт телефони:
Suzana Ahmeti suzana.ahmeti@undp.org 072204140
Urim Kasapi urim.kasapi@undp.org 070364775
Подетални информации и насоки ќе добиете на инфо-настаните и консултативни средби кои ќе бидат организирани од Фондот.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |