Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), а во врска со Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата oд 20.01.2020 година, арх.бр. 01-514/17, Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година,арх.број 01-797/6, и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година, арх.број 01-1662/5, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 16.03.2021 година, го објавува јавниот повик за:
Одржливото земјоделство е во срцето на “Целите за одржлив развој” на Обединетите Нации (ОН) и првиот основен чекор кон обезбедување на свет без глад (zero hunger). Согласно со Агендата на ОН, до 2030 година треба да бидат обезбедени одржливи системи за производство на храна и да се спроведат одржливи земјоделски практики што ја зголемуваат продуктивноста и производството, кои помагаат во одржување на еко-системите, кои го зајакнуваат капацитетот за прилагодување кон климатските промени, екстремните временски услови, сушата, поплавите и другите катастрофи и кои постепено го подобруваат квалитет на земјата и почвата.
КОВИД-19, како досега незапамтена здравствена, економска и социјална криза што ги загрозува животите и егзистенцијата, направи уште поголем предизвик во постигнувањето на овие цели. Во време кога сме соочени со ефектите на пандемијата врз прехранбениот и земјоделскиот сектор, потребни се навремени мерки за да се осигура дека синџирите за снабдување со храна се одржуваат во живот за да се минимизира ризикот од големи шокови што имаат значително влијание врз сите, особено врз сиромашните и најранливите категории.
Улогата на дигиталната иновација во земјоделството е да се искористи моќта на дигиталните технологии да пилотираат, забрзаат и го зголемат обемот на иновативните идеи со висок потенцијал за позитивно влијание во земјоделството и производсвото на храна. Во изминатиот период, земјоделството, заедно со ловство, шумарство и рибарството има остварено вкупен пораст на бруто додадената вредност од 4,5%. Секторот бележи континуиран годишен пораст на вредноста од 871.400.000 евра во 2014 година на 910.900.000 евра во 2019 година, освен во 2017 година поради влијанието на временските услови. Од друга страна, релативното учеството на земјоделскиот сектор во бруто додадената вредност е намалено од 10,2% на 8,1% поради поголемата додадена вредност остварена во останатите попропулзивни економски дејности. Заедно со преработувачката индустрија, учеството во БДП достигнува 12% во БДП, односно е на трето место после индустријата и услугите. Сепак оваа индустрија останува непрепознаена и фрагментирана, а прифаќањето на дигиталните технологии се одвива многу споро.
Дигиталното земјоделство идеално води кон економски раст со тоа што им овозможува на земјоделците да извлечат максимално производство од својата земја. Навремените и точни информации придонесуваат кон донесување на правилни и навремени одлуки што резултира со успех во одгледувањето на земјоделските култури, зголемена продуктивност и зголемени приходи.
Со овој предизвик, бараме напредни стартапи кои имаат веќе развиен прототип на иновативен производ / услуга, со кој ќе придонесат кон зголемување на продуктивноста и приходите на земјоделските стопанства, обезбедување на одржливи системи за производство на храна и забрзување на дигиталната трансформација на земјоделскиот сектор.
Да ја искористиме технологијата за да ги подобриме сите сегменти на земјоделското производство!
Овој предизвик на Фондот се реализира во партнерство со Минстерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).
Земјоделските технологии може да вклучуваат широк спектар на производи, услуги или апликации поврзани со земјоделството: беспилотни летала, сателитски фотографии и сензори, мрежи на сензори засновани на IoT, следење на временски прогнози, автоматско наводнување, контрола на светлина и топлина, интелигентна анализа на софтвер за предвидување на штетници и болести кај растенијата, биотехника, управување со земјоделска механизација, управување со почвата како и решенија засновани на апликации со кои земјоделците преку нивните паметни телефони можат да добијат информации за цените на земјоделските култури, сезоната на сеење, имплементација на агротехнички мерки, техниките за берба, кога и каде да ги продаваат своите производи и сл.
Дополнително, предложените иновативни решенија може да се однесуваат на дигитализација на пост-бербените активности и процесот на преработка на земјоделски производи што може да вклучува дигитални производи, услуги или апликации кои се користат за унапредување и следење на процесите од берба, транспорт, сортирање, складирање, пакување, етикетирање, преработка па се до доставување на пазарот со цел додавање вредност на производите, а притоа зголемувајќи ја ефикасноста на процесите, намалени загуби и отпад како и зголемена заштита на животната средина.
Поагајќи од ова, во рамки на предизвикот „Дигитализација на земјоделството“ секој Натпреварувач има можност да достави предлог решение во една од следните категории:
Паметното земјоделството има холистички пристап кон земјоделските иновации и претставува усвојување и комбинирање на паметни технологии како што се комбинација на сензори, Интернет на нештата (Internet of things – IoT), автоматизација и платформи базирани на облак кои го подобруваат секој аспект на управување со посевите и го трансформираат земјоделското производство.
Прецизно земјоделство или специфично управување со земјоделски култури (SSCM), значи користење на сонди за мерење на одредени параметри, слики од сателити или дронови за креирање на стратегии за најдобра ефикасност и користење напредни земјоделски практики за следење, обработка и менаџирање со земјоделските посеви и насади.
Напредната роботика, автоматизирана машинерија и беспилотни летала се клучни за зголемување на ефикасноста на земјоделското производство во иднина. Автоматизираната голема механизација може да преземе многу аспекти на земјоделството од големи размери. Новата генерација на прецизни роботски манипулатори можат да го лоцираат и идентификуваат производот, да го изберат и да го берат врз основа на неговата големина и степен на зрелост.
Дополнително, автоматските системи за наводнување го оптимизираат растот на посевите и употребата на вода за истите.
Неодамнешните достигнувања во биотехнологијата во голема мера придонесуваат за подобрување на земјоделското производство. Со помош на генетското инженерство се создава семе и саден материјал што е прилагоден на различни средини и климатски промени. Освен тоа, биотехнологијата помага и во идентификување на подобри начини за борба против штетниците.
Бази на податоци и Вештачката интелигенција ги оптимизираат скоро сите аспекти на управувањето со посевите преку користење на сонди и сензори кои ги евидентираат временските услови, како и евидентирање на промените во составот и структурата на почвата и ефикасноста во производството на земјоделските култури. Овие две технологии носат подобрувања во деловните и оперативните процеси врз база на веќе примени информации.
Дигиталните решенија може да се применливи во пост-бербени активности како операции за контролирано зреење и сушење, транспорт до центарот за пакување, сортирање, чистење, селекција, чување во контролирани температурни режими и атмосфера, системи за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, намалување на отпад од производите, инспекција од користени заштитни средства (пестициди, инсектициди) фумигација, и дополнителни системи за контрола и подобрување на квалитетот. Предлогот за напредна дигитална технологија може да се однесува на одржливи начини и материјали за пакување, ре-дизајнирање и следење на процесот на преработка и обработка на податоците во секој дел од синџирот се до малопродажбата.
Беспилотнитe летала (дронови) и сателити ги мерат и надгледуваат полињата, создаваат мапи на теренот, го контролираат квалитетот на работата на полињата и обезбедуваат голема количина на фито-геоморфолошки податоци за оптимално управување со земјоделството. На пример, мултиспектрални и хиперспектралните камери поставени на беспилотните летала покажуваат каква е употребата на вода и ѓубриво, приносот на култури и укажуваат на појавата на болести и штетници, што на крајот придонесува во решавањето на овие проблеми во рана фаза и се обезбедува поголем принос.
Интернетот на нешта ги интегрира технологиите за сензори и решенијата за мониторинг во постојниот земјоделски процес (механизација) за да се генерираат прецизни податоци потребни во секојдневното донесување на одлуки на земјоделците и земјоделските бизниси. Обработката на податоци во реално време придонесува кон активирање и следење на ефективноста на системите за автоматизација и кон нивно идно подобрување.
Спроведувањето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до 6 (шест) месеци.
За финансирање на проекти во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од 6.000.000 (шест милиони) денари.
За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари. Од страна на Натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на Натпреварувачот – корисник на финансиски средства од Фондот.
Доколку нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за финансирање, Фондот го задржува правото да не додели финансиски средства.
“Програмата за зголемување на пазарната вработливост” (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка, ќе обезбеди два вида на поддршка за апликантите и идните корисници и тоа: менторска поддршка и поддршка во однос на комерцијализација на иновациите.
Поддршката ќе биде насочена кон корисниците на Фондот избрани на овој предизвик кои ќе развијат дигитални решенија кои се апликативни во земјоделскиот сектор во областите свежо овошје и зеленчук, преработки од овошје и зеленчук, лозарство и винарство. Склучувањето на договори на корисниците со ИМЕ ќе следува по склучување на договорите со Фондот.
Јавниот повик е наменет за стартапи кои можат да понудат иновативно и/или технолошки напредно решение сами, или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност или друго претпријатие.
Натпреварувачот (Водечкиот натпреварувач) треба да биде правен субјект кој ги исполнува следните услови:
Доколку предлог-проектот вклучува соработка на Натпреварувачот со друго претпријатие, условите за партнерот се исти како и за Водечкиот Натпреварувач.
При аплицирање во партнерство или конзорциум, главен носител на проектот е Водечкиот Натпреварувач.
Активностите предвидени во предлог-проектот треба да соодветствуваат на фазите на истражување и развој, односно на напредување на технологијата од прототип до производ / услуга потврдени во реална средина и спремни за пазар – Technology Readiness Level (TRL5-TRL9)
Активностите може да вклучуваат:
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Трошоци подобни за финансирање:
Само трошоците настанати за време на проектот во согласност со одобрениот Буџет на проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.
Трошоци неподобни за финансирање:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот и Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата, ќе се сметаат за подобни трошоци.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор (во натамошниот текст: Комисијата), а пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Натпреварувачот е должен, пред потпишувањето на Договорот за доделување на награда, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека Натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.
Фондот не е одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Корисникот на финансиските средства и трети страни.
Сите права на интелектуална сопственост и „know-how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот и доколку е применливо, Корисникот треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
Постапката, од прием на пристигнатите апликации се до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор и доделување на финансиски средства на корисникот/ците, се состои од неколку чекори:
Секој предлог-проект се оценува од Комисија за оценување и избор која се состои од:
Комисијата работи врз основа на Деловник за работа на Комисија за оценување и избор кој се усвојува на првиот состанок на Комисијата.
НАПОМЕНА: По барање на членовите на Комисијата, Фондот може да ангажира експерти кои ќе дадат стручно мислење за одредени апликации, соодветно на областа на нивната експертиза. Во таков случај, стручното мислење ќе биде земено во предвид од членовите на Комисијата при оценувањето на апликацијата.
Главните критериуми за оценување на предлог проектите се:
Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се опишани во образецот на Табелата за оценување.
При аплицирање задолжително треба да се достават следниве документи:
Проектна документација (која треба да е потпишана од овластен претставник на Натпреварувачот и печатирана, а достапна е преку веб-страницата на Фондот):
Кратки биографии на главните лица ангажирани во проектот (најмногу за пет лица)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик. Проектната документација задолжително се доставува на обрасци изготвени од страна на Фондот.
Проектната документација заедно со кратки биографии да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: https://fitr.mk/agrodigital/ со клик на копчето „Аплицирај“
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 16.04.2021 година, до 14:00 часот.
За финансирање ќе бидат земени во предвид само оние предлог проекти кои се доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 20.01.2020 година и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 и 01.06.2020 година.
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани; бесплатна техничка помош од експерти; и менторски работилници.
Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот како и на официјалните профили на Фондот и ИМЕ на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).
Во рамките на овој повик, обврските траат се до завршувањето на имплементацијата на проектот.
Сметката може и претходно да биде отворена, но истата треба да е чиста и преку неа да не се спроведуваат никакви плаќања ниту да има приливи за времетраење на проектот.
Сточарството како дел од земјоделството секако е во рамките на овој предизвик. Проектот ќе ги исполни условите на повикот доколку влезе во некоја од следните области на дигитализација:Паметно земјоделство, Прецизно земјоделство, Роботика и автоматизација, Биотехнологија, Бази на податоци и вештачка интелигенција, Дигитализација на пост-бербени активности и преработка, Дронови и сателити и Интернет на нештата.
Овој јавен повик е наменет за новоосновани трговски друштва (стратапи) кај кои не се поминати повеќе од 6 години од основањето. Доколку има поминато повеќе од 6 години од основањето на трговското друштво постојат 2 можности:
Доколку предлог-проектот вклучува соработка на натпреварувачот со друго претпријатие, условите за партнерот се исти како и за водечкиот натпреварувач. Тоа значи дека партнерот треба да биде правно лице кои ги исполнува истите услови како и водечкиот натпреварувач. Партнерството истовремено може да означува и директно учество во буџетот односно во кофинансирањето на проектот. Доколку нема партнер во проектот, податоците за натпреварувачот се внесуваат само во првиот, воведен дел на апликацијата, во Точка 1. Основни податоци за натпреварувачот. Соработката со трети страни може да биде остварена и преку договори со правни или физички лица за вршење на одредени работи поврзани со проектот, што се евидентира во проектната апликација како и во буџетот на проектот: ставка III Трошоци за техничка поддршка.
За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари. Од страна на натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
7.Дали Земјоделските задруги се прифатливи за аплицирање на проектот за Дигитализација на земјоделството?Посебно поради условот: „Да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија“?
Согласно Јавниот повик – Дигитализација на земјоделството, како апликанти можат да се јават правни субјекти кои ги исполнуваат условите. Еден од тие услови е: Да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |